Хобитски куќи никнуваат меѓу ридовите во Босна
Четири сестри го градат првото село во стилот на Хобит во југоисточна Европа, среде зелените ридови во централна Босна. Лоцирано е во селото Ракова нога, во близина на Крешево, а на 40 минути возење од Сараево. Тие се надеваат дека со селото кое го именувале „Крешево хобитон“ ќе ги привлечат обожавателите на книгите и филмовите „Господарот на прстените“, a тука, сакаат и да ги споделат своите спомени од детството.