Достапни линкови

Услужна комора: Укинување или одложување на К-15 поради состојбата со коронавирусот


Услужната комора на Македонија денеска ги презентираше условите за работа во секторот транспорт во вонредни услови поради коронавирусот, како и мерките за ублажување и санирање на последиците од настанатата ситуација. Од Комората побараа нивните предлози да бидат разгледани и усвоени за ефикасно справување со негативните последици во секторот транспорт.

„Услужната комора апелира на пролонгирање на рокот за регистрација на товарните и патнички моторни возила до завршувањето на кризата, бидејќи претставува дополнително оптоварување и трошок како за компаниите, така и за сите граѓани, а со тоа и осигурителните компании да ја продолжат важноста на полисите за истиот рок. Транспортните компании и натаму ги обезбедуваат и ги запазуваат сите превентивни мерки донесени од Владата за заштита и превенција од Ковид 19. Потребно е во овие вонредни услови, да се преземат и вонредни мерки како генерално одложување на обврските за рати на кредити овие 3 месеци во целост. Откако ќе заврши кризата да се продолжи нормално враќање на ратите, а истото да се примени и за одложување на лизинг обврските“, Изјави Филип Манојловски, од Услужната комора на Македонија и додаде дека треба да се разгледа можноста, К-15 за вработените да се одложи со уредба за наредната година или да се укине обврската за годинава.

XS
SM
MD
LG