Достапни линкови

Трамп пред импичмент, Британија пред развод, а светот се соочува со катастрофи


Светот 2019 - година на спорови, избори и катастрофи
please wait

No media source currently available

0:00 0:08:19 0:00

Светот 2019 - година на спорови, избори и катастрофи

Трамп има импичмент, Макрон се пожестоки протести, а Британија го трасира патот за излез од Унијата. Тука беа и изборите за Европскиот парламент, вонредните избори во Грција и Британија, локалните во Турција. Од она пак што веќе се нарекува нова нормалност потсетуваме на поплавите, катастрофите и земјотресите кои зафатија многу места во светот.

Го реобјавуваме прегледот на светските настани кои ја одбележаа 2019 година, првично објавен на 31 декември 2019 година.

Првиот месец од 2019 година американскиот претседател Доналд Трамп вети дека нема да попушти околу неговите парични барања од буџетот за ветениот ѕид на границата со Мексико за спречување на мигрантите. Тоа доведе до делумно затворање на владините служби. Иако тврдеше дека нема да попушти сепак, беше изнајден компромис:

„Јас сум многу горд да објавам дека постигнавме договор за да го запреме затворањето и повторно да ја отвориме федералната влада. Како што сите знаат, имам многу моќна алтернатива, но не сакав да ја користам овој пат. Се надевам дека ќе биде непотребно.“

Трамп мислеше на можноста да воведе вонредна состојба во земјата.

„Жолти елеци“ во Франција

Француските „жолти елеци“ ги започнаа повеќемесечните национални протести против високите животни трошоци и, според нив, рамнодушноста на претседателот Емануел Макрон, чија влада ги заостри социјалните услови. Уличните протести во Париз започнаа мирно, но потоа беа проследени со насилства и блиски средби меѓу демонстрантите и француската полиција.

Протест на жолти елеци во Франција.
Протест на жолти елеци во Франција.

Судење на каталонските сепаратисти

Шпанските полициски сили кон крајот на февруари кратко време се судрија со демонстрантите за каталонска независност во Барселона кои протестираа против судењето на 12 сепаратистички лидери. Каталонскиот сепаратист Ориол Јунгуерас, првиот од 12 обвинети што одговараше на судењето за обидот за независност на Каталонија за 2017 година, тогаш изјави:

„Јас нема да се одречам од моите демократски убедувања и разбирам дека обвинителството нема да престане да ме гони заради ова. Мислам дека сум во беспомошна ситуација, бидејќи сум убеден оти сум обвинет за моите идеи, а не за моите постапки.“

Масовно пукање во Нов Зеланд

Напаѓач отвори оган на петочната молитва во една џамија во Нов Зеланд, убивајќи многу верници во градот Кристчрч што беше најлошото масовно пукање во земјата. Премиерката на Нов Зеланд Џесинда Ардерн рече:

„Она што можам да кажам е дека е јасно оти ова е еден од најцрните денови на Нов Зеланд. Јасно е, ова што се случи овде е вонреден и невиден чин на насилство.“

Турците гласаа на локални избори

Турците на 31 март гласаа на локалните избори што претседателот Реџеп Таип Ердоган ги опиша како прашање на опстанок за земјата. Ердоган, кој доминира во турската политика повеќе од 16 години изрази страхување дека неговата партија би можела да ја загуби власта во неговиот Истанбул.

„Секоја победа и секоја загуба е волја на нашата нација и ние треба да го прифатиме овој факт како неопходност од демократијата и постапете соодветно.“

Како што се покажа, и покрај оспорувањето и повторените избори, опозицијата повторно го победи Ердоган и ја презема власта во Истанбул.

Зеленски - од актер до претседател

Долго во ноќта се прославуваше во партискиот штаб на Володимир Зеленски на 21 април, откако излезните анкета покажаа дека комичарот без политичко искуство лесно освои доволно гласови за да стане следниот претседател на Украина. Емотивниот Петро Порошенко го призна поразот.

„Драги Украинци, следниот месец ќе ја напуштам позицијата шеф на државата, тоа е она што го решија мнозинството Украинци и ја прифаќам оваа одлука.“

Зеленски пак, најави поголема борба против корупцијата, како што впрочем тоа го прави и во хумористичната серија која го прослави.

Нотр Дам во пламен

Катедралата Нотр Дам ја зафатија силни пламени кои уништија еден од главните белези на Париз и едно од најпосетуваните места во Франција. Францускиот претседател Емануел Макрон тогаш вети:

„Па вечерва го кажувам ова многу свечено. Ние заедно ќе ја изградиме оваа катедрала која несомнено е дел од француската судбина и проект за годините што доаѓаат. Но, јас сум решен. Почнувајќи од утре ќе биде формиран национален фонд за донации, како и надвор од нашите граници. Ќе ги привлечеме најголемите таленти и многу луѓе ќе дојдат да придонесат за тоа. И ние повторно ќе ја изградиме.“

Неговата еуфорија за брза реконструкција пропадна откако експертите потврдија дека тоа нема да оди така лесно.

Нотр Дам и одговорноста за идните генерации
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:01 0:00

Немири во Венецуела

Лидерот на опозицијата во Венецуела Хуан Гваидо, повика на „најголем марш“ во историјата на земјата, за да се обиде да го собори од власт претседателот Николас Мадуро.

„Она за што се жртвувавме нема да биде залудно, не е залудно. Тоа е за нашите семејства, за нашата иднина, и на секој начин - да ја постигнеме нашата цел - обединување на земјата.“

Мадуро пак пред насобраните приврзаници порача:

„Бидете подготвени да ја браните татковината со оружје во вашите раце ако еден ден американската империја се осмели да ја допре оваа територија, оваа света земја која беше ослободена од херојската генерација на Симон Боливар“.

Венецуела беше само една од земјите во Латинска Америка која се соочи со големи социјални немири во 2019 година.

Меј поднесе оставка

Борејќи се со солзите, британската премиерка Тереза Меј објави дека се повлекува од функцијата, предизвикувајќи трка за тоа кој ќе биде нов премиер, кој ќе направи притисок за поубедлив договор за развод од Европската унија:

„Нашата политика може да биде под затегнатост, но има многу што е добро за оваа земја. Толку многу за да се гордеам. Толку многу за да бидам оптимист. Јас наскоро ќе ја напуштам работата што ми беше да ја извршувам во мојот живот - втора жена Премиер, но секако не и последна. Јас го правам тоа без лоша намера, но со огромна и траен благодарност што имав можност да и служам на земјата што ја сакам.“

Ципрас ги загуби изборите

На седми јули се одржаа вонредни избори во Грција на кои победи опозициската Нова демократија, додека Сириза на премиерот Алексис Ципрас претрпе тежок пораз. Вонредните избори беа закажани по големиот пораз на Сириза на изборите за Европскиот парламент. Многумина тоа го поврзуваа со потпишувањето на Преспанскиот договор, но главно и со тешките реформи што во изминатите неколку години мораше да ги спроведе владата на Ципрас за излез на Грција од финансиската криза.

Конгресот покрена истрага за импичмент на Трамп

Во септември спикерот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси најави постапка за утврдување дали е можно покренување импичмент на претседателот Доналд Трамп.

„Објавувам дека Претставничкиот дом покренува официјална истрага за импичмент. Им наредувам на нашите шест комитети да продолжат со нивните истраги под чадорот на истрагата за импичмент. Претседателот мора да биде одговорен. Никој не е над законот.“

Во декември и официјално беа покренати обвинувања дека Трамп ја злоупотребил функцијата за да влијае Украина да поведе постапка против неговиот ривал на изборите демократот Џо Бајден.

САД ја повлече својата војска од Сирија

Претседателот на САД Доналд Трамп ги повлече американските трупи од северо-источна Сирија, пред најавената воена офанзива од Турција против курдските сили во регионот.

„Со божја помош за кратко време, ние ќе воспоставиме безбедност на територијата од Манбиџ до нашата граница со Ирак. Во првата фаза, ќе обезбедиме, со нивна согласност, враќање на еден милион, а потоа и два милиони сиријски бегалци во нивните домови. “

Претходно терористичката Исламска држава беше поразена во последната енклава во источна Сирија, а Трамп наесен објави дека во американска акција бил убиен лидерот на ИД Абу Бакр ал Багдади.

Големата победа на Борис Џонсон

Британскиот премиер Борис Џонсон победи на предвремените парламентарни избори што ги побара откако пратениците не се согласија да го усвојат и неговиот план што го договори со Брисел околу Брегзитот. Тоа беше најголемата победа на конзервативците, на парламентарните избори од успехот на Маргарет Тачер во 1979 година. Победата на, како што беа оценети најважните избори во Британија во една генерација, на Борис Џонсон ќе му даде одврзани раце да го спроведе излегувањето на Британија од ЕУ кон крајот на јануари.

„Изгледа дека на оваа еднонационална конзервативна влада и е даден моќен нов мандат за да го заврши Брегзитот.“

Албанија ја погоди силен земјотрес

Кон крајот на ноември Албанија ја погоди силен земјотрес во кој загинаа педесетина луѓе, додека деветстотини беа ранети. Најмногу жртви имаше во градовите Драч и Туман. Хуманитарна помош почна да пристигнува од целиот свет. Земјотреси, но и други природни катастрофи беа карактеристични во скоро целиот свет. Големи поплави, силни бури, огнени стихии беа забележани од Калифорнија на Запад до Јапонија и Нов Зеланд на Исток. Во овие појави секако беа и високите температури што летото ја зафатија Европа, а во некои градови беа регистрирани рекордни 45 степени.

Трка со времето во потрага по преживеани во Албанија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:11 0:00

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG