Достапни линкови

Импичментот, опасност или предност за Трамп


Претставничкиот дом го отповика Трамп
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:55 0:00

Претставничкиот дом го отповика Трамп

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес изгласа импичмент за претседателот Доналд Трамп, а процесот продолжува во Сенатот кој треба да реши дали да го обвини и да го отповика од функцијата. 45-от претседател на САД е третиот кој ќе биде и формално обвинет за, како што се наведува во Уставот, „висок криминал“. Тој е отповикан за два чина: злоупотреба на моќта и опструкција на Конгресот. Трамп целиот процес го оцени како „лов на вештерки“ од страна на демократите и оцени дека импичментот ќе му помогне да добие втор мандат во наредната година.

Доналд Трамп сака и борба и шоу, и со изгласаниот импичмент во момент на неговото обраќање на изборниот митинг во Мичиген - ги доби и двете работи и тоа на стероиди.

Со игра на случајот долго планираниот митинг на Трамп во малиот град Батл Крик во Мичиген се совпадна со денот на неговиот импичмент во Вашингтон.

Историското гласање во Претставничкиот дом, всушност, се одржа кога американскиот претседател им се обраќаше на околу 7.000 негови приврзаници кои извикуваа „Го сакаме Трамп“.

Што може подобро да му се случи во неговите кавги со демократите во Конгресот.

„Тие се обидуваат да ме отповикаат уште пред да станам претседател“, им изјави Трамп на насобраните:

„После три години злобен лов на вештерки и измами вечерва Демократите во Домот се обидуваат да ги поништат гласачките ливчиња на десетици милиони патриотски Американци“.

Претставничкиот дом предводен од Демократската партија го направи републиканскиот бизнисмен трет претседател во историјата на САД кој е предложен за отповикување.

По маратонската 10-часовна расправа, пратениците гласаа да го казнат за злоупотреба на службената должност.

Станува збор за притисок врз претседателот на Украина да го испита неговиот потенцијален предизвикувач за Белата куќа Џо Бајден, и за спречување на истрагата на Конгресот во врска со овој случај.

Демократите рекоа дека немаат „друг избор“.

Претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, по гласањето изјави:

„18-ти декември, голем ден за Уствот на Соединетите држави, тажен за Америка, поради тоа што несовесните активности на претседателот не натераа да покрене импичмент“.

Адам Шиф, конгресменот кој ја предводеше истрагата за импичмент оцени дека во опасност е самата идеја на Америка:

„Претседателот на Соединетите држави е отповикан, досега само трет пат во историјата. На претседателот на САД треба да му се суди. И сега е прашање дали сенаторот МекКонел ќе дозволи фер судење во Сенатот“.

Трамп сега ќе застане на суд во Сенатот, каде што неговите републиканци предводени од Мичел МекКонел имаат солидно мнозинство и се очекува да го ослободат од вината.

Ниту еден од двајцата претходни претседатели што беа отповикани Ендру Џонсон во 1868 година и Бил Клинтон во 1998 година, не беа отповикани и од Сенатот.

И двајцата ги задржаа нивните функции.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG