Достапни линкови

Путин: владата бргу да ги санира економските штети од пандемијата


Рускиот претседател Владимир Путин и премиерот Михаил Мишустин

Рускиот претседател Владимир Путин и нареди на владата да преземе брзи чекори за санирање на економската штета од пандемијата на коронавирусот. Премиерот Михаил Мишустин го извести Путин дека планот на владата вклучува мерки насочени кон зајакнување на економскиот раст, зголемување на приходите и намалување на невработеноста. Се предвидува околу 73 милијарди долари да бидат потрошени за тоа до декември 2021 година.

Руската потрага по вакцина за коронавирусот е под прашање

Делумното исклучување на економијата по наредба на Путин на крајот на март, со цел да се намали ширењето на вирусот коронавирус, и наштети на економијата, која веќе беше во голема неволја поради остриот пад на цените на нафтата. Рускиот лидер рече дека неговата земја го поминала врвот на епидемијата, дозволувајќи им на регионалните власти постепено да ги олеснуваат забраните и ограничувањата. Сепак, експертите предупредуваат дека наглото отстранување на мерките воведени поради епидемијата е опасно затоа што бројот на потврдени случаи на инфекција се зголемува за околу 9.000 секој ден.

XS
SM
MD
LG