Достапни линкови

Со водени топови врз мигрантите на полско-белоруската граница


Со водени топови врз мигрантите на полско-белоруската граница
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:01 0:00

Полската полиција денеска употреби водени топови врз мигранти на границата меѓу Полска и Белорусија, додека ситуацијата на границата ескалира. Некои мигранти фрлаа камења врз полските војници од другата страна на границата со Белорусија во хаотични обиди да преминат во Европската унија. Илјадници мигранти се собраа на белоруската страна на границата во последната недела, во импровизирани кампови на ниски температури. Европската унија соопшти дека Белорусија ги охрабрува мигрантите да ја преминат границата како одмазда за санкциите на ЕУ поради задушувањето на протестите минатата година против оспорениот реизбор на претседателот Александар Лукашенко. Полското Министерство за одбрана објави на Твитер дека белоруските власти им дале на мигрантите звучни гранати за да ги фрлат врз полските војници и граничарите.

Категории

XS
SM
MD
LG