Достапни линкови

САД: Русија води онлајн операција за дезинформирање за коронавирусот


Извештајот на Стејт департментот главно се фокусира врз напорите на Кремљ за ширење дезинформации

САД ја обвинија Русија за развој на софистициран „екосистем“ за ширење на дезинформации и пропаганда околу коронавирусот и други прашања. Во новиот извештај објавен на 5 август, Стејт департментот наведува дека руските онлајн операции користат „пет главни столба“ за да ги засилат лажните наративи и теориите на заговор во обид да се внесе збунетост и страв.

„Русија игра значајна улога во креирањето и ширењето на дезинформации и пропаганда околу многу теми“, изјави Леа Габриел, шеф на Центарот за глобално ангажирање во Стејт департментот.

Во извештајот не се споменуваат руските операции за дезинформирање околу претседателските избори во САД во 2016 година или дали се води друга кампања за влијание преку интернет пред изборите во ноември.

Мандатот на Центарот е да ја испита пропагандата надвор од Соединетите држави.

Strategic Culture Foundation, Интернет-журнал во режија на надворешната руска разузнавачка агенција СВР
Strategic Culture Foundation, Интернет-журнал во режија на надворешната руска разузнавачка агенција СВР

Извештајот главно се фокусира врз напорите на Кремљ за ширење дезинформации за пандемијата на коронавирус со помош на засилување на мрежата за дезинформирање.

„Екосистемот се состои од пет главни столба: службени владини комуникации, глобални пораки финансирани од државата, култивирање прокси извори, искористување на социјалните медиуми и сајбер дезинформации“, се вели во извештајот, во кој се додава дека „Кремљ има директна одговорност за одгледување на овие тактики и платформи како дел од неговиот пристап кон користење на информациите како оружје“.

Веб-страници поддржани од Русија шират дезинформации за коронавирусот

Во извештајот, редок за администрацијата на претседателот Доналд Трамп, кој е претпазлив во обвинувањето на Кремљ за кампањи за дезинформации, се опфатени веб-страници кои дејствуваат како прокси што се користат за ширење на руските дезинформации и пропаганда.

Дезинформациите кои се шират на веб страниците
Дезинформациите кои се шират на веб страниците

„Откривме дека тие промовираат дезинформации како поддршка на целите на Кремљ. Тие често се промовираат директно од руската влада”, вели Габриел, додавајќи:

„Русија се обидува да ја скрие својата припадност со овие различни прокси-страници. Она што ги прави ефикасни, е тоа што е тешко просечен човек кој е на интернет да ги разгледа овие страници и да знае дека тоа е всушност руска дезинформација“.

ЕУ: Русија и Кина ја минираат демократијата со дезинформации за коронавирусот

Кинеските, иранските и руските операции за дезинформации често се надополнуваат едни со други и користат слични тактики.

Во извештајот се профилирани седум такви прокси-страници, иако се вели дека има многу повеќе со различна големина и влијание.

На веб-страниците се споени теории на заговор и распространети мисли на низа теми, вклучувајќи го и коронавирусот.

Една таква е и Фондацијата за стратегиска култура, електронско списание во режија на надворешната руска разузнавачка агенција СВР.

Постер со предупредување против ширење „лажни вести“ на Интернет
Постер со предупредување против ширење „лажни вести“ на Интернет

Во извештајот се наведува дека оваа фондација им дава глас на западните мислители и теоретичари на заговор да шират антиамерикански и антизападни ставови со то што ги разглобуваат “врските со руската влада”.

Друга веб-страница е „ New Eastern Outlook“, која извештајот ја опишува како „псевдо-академска“ публикација врзана за Институтот за ориентални студии на Руската академија на науките, која промовира дезинформации и пропаганда за Блискиот исток, Азија и Африка.

Фармите на тролови со лажни вести „предвреме“ го убија Ковид 19

Стејт департментот го идентификуваше Global Research со седиште во Канада како најголема прокси веб-страница, наведувајќи дека таа е „длабоко вметната во поширокиот екосистем на дезинформации и пропаганда од Русија“.

Притоа се вели дека веб-страницата се обидела да ја постави пандемијата на коронавирус како западен заговор, објавувајќи статии во кои се тврди дека вирусот потекнува од Соединетите држави и е развиен со цел глобалната елита да го контролира светот.

Една статија за коронавирусот беше објавена или поврзана со повеќе од 70 веб-страници и публикации.

Во изјавата на својата страница на Фејсбук, руската амбасада во Вашингтон оценува дека извештајот има за цел да ја наруши соработката со Соединетите држави и да ги дискредитира алтернативните извори на информации.

„Американскиот Стејт департмент не е многу наклонет кон постоењето на алтернативни извори на информации. Сериозни ресурси се користат за да ги дискредитираат. Секој глас што му противречи на Вашингтон е наречен „дезинформација“ во служба на „Кремљ“ и “руското разузнавање“, се вели во реакцијата на руската амбасада во Вашингтон.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG