Достапни линкови

ЕУ: Русија и Кина ја минираат демократијата со дезинформации за коронавирусот


илустрација

Европската унија ги повикува онлајн платформите да ја засилат борбата против бранот дезинформации за пандемијата на коронавирус, обвинувајќи ги Кина и Русија за монтирање на пропагандни кампањи за поткопување на демократијата. „Странски актери и одредени трети земји, особено Русија и Кина, се вклучија во насочени операции за влијание и кампањи за дезинформации околу ковид-19 во ЕУ, нејзиното соседство и на глобално ниво“, се вели во документот, во кој е прикажан пристапот на Унијата кон справување со дезинформациите поврзани со пандемијата.

Шест месеци ковид-19: Пакет лаги

Двете земји „сакаат да ја влошат социјалната поларизација и да го подобрат сопствениот имиџ во контекст ковид-19“, се додава во документот. Пандемијата „покажа дека дезинформацијата не му штети само на здравјето на нашите демократии, туку му штети и на здравјето на нашите граѓани“, се вели во извештајот, наведувајќи ги „опасните измами и погрешни информации за здравствената заштита“, како тврдењата дека пиењето белило може да ја излечи болеста и дека миењето раце не помага да се спречи нејзиното ширење.

Фејсбук почна да етикетира руски, кинески и ирански државни медиуми

ЕУ ги пофали онлајн платформите како Гугл, Фејсбук и Твитер за отстранување на милиони погрешни реклами цел стопирање на ширењето на дезинформациите поврзани со вирусот.

XS
SM
MD
LG