Достапни линкови

Преспанскиот договор меѓу правни теории и политичка реалност


Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река
Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река

Преспанскиот договор продолжува да биде главна тема во претседалската кампања, а само еден кандидат, Гордана Сиљановска Давкова ја остава можноста прашањето да биде отворено, иако не прецизира точно што може да се направи.

Десетина месеци по неговото потпишување и околу три месеци по влегување во сила и во македонскиот Устав, Договорот од Преспа, се уште свеж, е една од главните теми во претседателската изборна кампања.

Кандидатот на владиното мнозинство Стево Пендаровски и кандидатот поддржан од Беса и Алијансата за Албанците Блерим Река го поддржуваат неговото носење и спроведување, но кандидатката поддржана од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска-Давкова, дури и во изборната програма наведува дека прашањето го смета за правно отворено.

Во дваесетината страници изборна програма ветува и дека ќе формира експертска група составена од "врвни светски авторитети во меѓународното право, да ја проверат правната одржливост на Преспанскиот договор во светлина на Виенската конвенција за договорно право".

Во интервјуто за Радио Слободна Европа, што во целост ќе го емитуваме в недела, сепак таа не прецизира што ќе се случува ако експертската група утврди дека договорот е правно неодржлив.

„Ова е сега условна форма што би било кога би било, јас сум сериозен професор по Уставно право, а сигурна сум дека ќе бидам и сериозна претседателка, не зависи тоа од мене и тогаш јас не би формирала група ако ги знам сите одговори на процесот што може да следи, не тоа ќе зависи од предлозите на луѓето, важно јас ви кажам дека веќе имам студии, имам мислења, некој од нив сте ги чуле, биле објавени, значи тогаш ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Но претседател нема право да поништи, ниту да укине некој договор.“

РСЕ: Дали ќе барате?

„Не може од никого да бара претседател, тоа не се бара. Да поништи или укине акт, тоа може Уставен суд.”

Идејата за поништување на Договорот од Преспа се спори во јавноста и од аспект на тоа дека за тоа да се случи, покрај тоа што е неопходно да се согласи Грција и меѓународната заедница, неопходно е и двотретинско мнозинство во Собранието што се смета за речиси невозможно.

Кандидат поддржан од Беса и Алијансата за Албанците, Река, во интервјуто што ќе го објавиме утре, во контекст на неговите идни заложби како претседател ги пофали надминувањата на проблемите со соседите.

„По години наназад изолирана држава мислам дека по Преспанскиот договор и по Договорот со Бугарија, Македонија веќе од,да речеме, еден проблематичен сосед, кој така се отсликуваше со една надворешна перцепција со години, веќе станува еден од најдобрите и најкозистентните соседи на Балканот. Немаме никакви други проблеми, ниту со Косово, ниту со Србија, со Албанија, така што во водење на надворешната политика јас ќе се придржувам на моето гесло- нула проблеми со соседите”, вели Река.

Пендаровски, пак, постојано тврди дека неговото постигнување и самата одлука биле тешки, но дека вредело.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG