Достапни линкови

Попис и скандал во дипломатијата - вие коментирате


Попис 2021, 05.09.2021
Попис 2021, 05.09.2021

Пописот и апсењето на македонскиот дипломат во фокусот на вашиот интерес на социјалните мрежи на РСЕ. Вие коментирате!

Пописот на населението почна, операција што во земјава се спроведува по цели 19 години и се спроведува според сите протоколи за заштита од ковид-19. Неделното интервју на РСЕ е со претседателот на државата, Стево Пендаровски, кој покрај другото вели дека „не можеме, и да сакаме, да излеземе од матрицата на пребројување по етничка припадност затоа што во нашиот Устав има одредба дека одредени права и статуси им припаѓаат и на оние немнозински заедници кои се најмалку 20 отсто од популацијата.“, додава претседателот Пендаровски, „ Инаку, се согласувам и мислам дека пребројувањето само и само по етничка припадност треба да стане дел од историјата“, вели претседателот одговарајќи на прашањето за пописот и впечатокот како да е најважнио изјаснувањето по етничка припадност.

Пендаровски - Пребројувањето по етничката припадност да стане историја
please wait

No media source currently available

0:00 0:14:27 0:00

Вашите реакции на нашата ФБ страница се прилично непримерени, па и навредливи, но успеваме да одбереме некои попристојни, да речеме. Анна Јакимова, на пример, постирала: „Па тргнете националност. Овде во Велика Британија има само бекраунд (потекло)“. Виктор Николов налутен на сите власти досега: „Лопужи, и од 90 до 21 уште по 30 години го пљачкате народот. Народот ве гледа и си ќути, вие оро си играте“. Игор Икс прашува: „Зошто воопшто постои попис ако не се пребројуваат по етничка припадност“. Во неделното интервју, претседателот на државата Пендаровски се согласува дека корупцијата е најболна точка на нашето општество, а Ацо Силвана Петковски забележува: „Корупцијата одеше од врвот на партиите без разлика која партија е на власт, 30 години до ден-денес“.


По апсењето во Србија на македонски дипломат, претставник на Македонија во Мисијата на ОБСЕ во Виена, по распишана меѓународна потерница за него од трета земја за дело што го сторил за време на приватно патување во странство, министерот за надворешни работи, Бујар Османи најави вонреден ветинг во МНР, а и вие коментирате. Муса Муслија на албански напишал: „Ти дури и не знаеш што се случува во министерството“, а Афан Адеми му порачува на Османи: „Касно е Бујаре, излегоа многу нерегуларности во МНР и сега не соли памет“. Драган Ѓорѓиев уште поостар: „Треба да ги уапсат Димитров и Османи затоа што рибата смрди од главата а не од опашот“. Дончо Радевски постирал: „Не, не брзајте, почекајте уште малку вакви глупости да се направат, па тогаш сето наеднаш ќе се реши некако...?“


Партијата Левица поднела кривична пријава против директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути, за како што образложуваат, „несовесно работење во службата“, затоа што не обезбедил навремена проверка и сервисирање на противпожарните авиони, а Димитар Додовски коментирал: „Партија за поднесување кривични пријави (Левица ППКП)“. Сашо Стаменковски вели: „Дали тој од Левица кој глуми правник организираше доброволци за помош на загрозените од пожарите? Ај, нека не глуми, прв поднесе куќата да му се реновира бидејќи била од историско значење“, а Џим Глиг предизвикан од сообраќајката на Зоран Милевски - Кичеец кој добил еден месец отсуство од затворот поради неодложни лекарски прегледи, пишува: „Ќе го осудите и ќе лежи затвор како Кичеец. Низ мала врата влези, низ големата излези“. Горге Бурда Коцев вели: „Брука од големи размери, и сега Европа шо ќе каже, не ги исполнувате европските стандарди за поштена држава!“

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG