Достапни линкови

Пандемија против приватност - апликации за следење, надеж и страв


илустрација

Борбата за контрола на коронавирусот во многу земји почна да се води со нови телефонски апликации. Но, некои технолошки форми, како што пишува нашиот новинар Рон Синовиц, предизвикуваат загриженост дека тоа води кон Орвелов свет. Може ли да им се верува на владите околу лични информации собрани од новите телефонски апликации, дизајнирани да го следат ширењето на ковид-19?

Заедно со зголеменото тестирање за коронавирусот, следењето на контактите е клучно во запирањето на ковид-19, откако мерките за ограничување почнаа да се олеснуваат низ целиот свет.

Следењето контакти е во центарот на битката против заразните болести со децении - вклучувајќи ги и борбите против сипаниците, ХИВ-от и еболата.

Епидемијата на сипаници, кон крајот на 70-тите години на минатиот век бараше исцрпно следење на контактите за да бидат лоцирани сите заразени лица.

Ефикасен систем за следење може да спречи втор бран на Ковид-19

Но, брзината на ширењето на коронавирусот е огромна за традиционалните „рачни“ методи на откривање, како што се интервјуирање пациенти за тоа каде биле и со кого контактирале.

Десетици илјади Американци се ангажирани во следните недели низ 44 сојузни држави со задача да интервјуираат заразени лица и да идентификуваат други кои можеби биле изложени.

Сепак, здравствените експерти предупредуваат дека дури и таквиот проширен персонал не е доволен.

За да се дополнат "рачните" методи, многу влади бараат автоматско следење - особено преку апликации за мобилни телефони – кои ќе помогнат во идентификувањето и известувањето на оние што доаѓаат во контакт со заразено лице.

Корона изговор за информативна хипер – контрола
please wait

No media source currently available

0:00 0:06:57 0:00

Резултатот е поплава на нови, честопати неиспитани апликации за трасирање, насочени кон откривањето на изложеноста на ковид-19.

Во многу земји, учеството е доброволно и поединците мора сами да го преземаат софтверот на своите телефони.

Но, широко распространетото прифаќање што е неопходно за овие апликации да бидат ефективни, доведува до се поширокото стравување за можна злоупотреба на личните информации што се собираат за секојдневните активности на поединците.

Критичарите велат дека многу од новите апликации за пронаоѓање немаат транспарентност ниту пак можност да спречат некаква злоупотреба на податоци.

Некои апликации предизвикуваат загриженост во врска со правата на приватност, владиниот пристап и личната безбедност. Хјуман рајтс воч предупредува дека „во рацете на владите кои веќе имаат практики за набљудување, како што се Кина, Иран и Русија, ова може да ги зголеми дискриминацијата и репресијата“.

Коронавирус - претпазлив наместо храбар нов свет

На глобално ниво, недостатокот на униформност кај новите апликации, исто така, создава проблеми за научниците кои се обидуваат да соберат различни податоци расфрлани во различни формати, од земја до земја.

Технологија MIT Review започна база на податоци за следење на овие нови апликации. Вклучува детали за 25 значајни автоматски системи за пронаоѓање контакти во целиот свет.

Податоци за локација

Од MIT Review велат дека најинвазивни се програмите за следење кои користат податоци за локација од мобилните телефони.

Активистите за човековите права предупредуваат дека тие им даваат на владите пристап до личните информации што можат да бидат злоупотребени за други цели освен за борба против пандемијата.

сим картичка
сим картичка

Истражувачот за дигитални права на ХРВ, Дебора Браун, вели дека програмите за следење на локациите што ги користат владите „претставуваат сериозни ризици за човековите права“.

„Од луѓето се бара да ја жртвуваат својата приватност и да ги пренесат личните податоци нанетестирани технологии“, вели Браун, додавајќи:

„Задржувањето на пандемија и повторното отворање на општеството се основни цели, но можеме да го сториме тоа без опсежен надзор“.

Кина, Иран и Русија

Овој систем во Кина се користи од локалната полиција за откривање на оние што ги кршат правилата за карантин.

Собира широк спектар на податоци кои вклучуваат идентитет на граѓаните, нивните локации, па дури и нивната историја на плаќање преку Интернет.

Во Иран пак, кога беше покрената официјалната апликација за откривање на коронавирусот AC19 во почетокот на март, некои корисници ја обвинија иранската влада дека го користела софтверот за да ги шпионира граѓаните - со податоци за геолокација во реално време и други лични информации.

Ковид-19 во руското и кинеското влијание на Балканот

Иранските дисиденти предупредуваат дека апликацијата може да им овозможи на иранските разузнавачки агенции да инсталираат малициозен софтвер на телефоните на милиони граѓани преку автоматско ажурирање.

Сомневањата во врска со иранската апликација се зајакнуваат со фактот дека нејзиниот развивач, „Smart Land Strategy“, исто така, создаде два клонови на „Телеграм“, кои беа критикувани дека тајно собирале податоци на корисниците за иранските разузнавачки агенции.

Министерството за здравство на Иран испрати СМС-порака до сите Иранци да ја инсталираат апликацијата AC19 со преземање на истата од Google. Милиони Иранци го сторија тоа.

Потоа, на 9 март, Google ја отстрани иранската апликација од Play Store - исто како што тоа го направи за другите ирански апликации создадени од „Smart Land Strategy“.

Во Русија, е имплементиран систем за пронаоѓање податоци за локацијата „на сојузно ниво“ кој работи „преку оператори на мобилни телефонски мрежи и нивните GPS системи“, вели Олга Числава, истражувач во меѓународната правна фирма Френдфилдс-Брукхаус-Дерингер.

Таа додава дека покрај тоа што ги известува оние кои биле во контакт со лице кое позитивно било тестирано на коронавирус, информациите се испраќаат и до регионалните центри за одговор при итни случаи во Русија.

Во меѓувреме, пациентите кои остануваат дома од коронавирус во Москва треба да инсталираат апликација за „социјален мониторинг“ на нивниот телефон.

Таа апликација, со складирањето информации во централна база на податоци, и дава на руската влада пристап до сите повици на корисниците, податоците за нивната локација, камерата.

Privacy International смета дека апликациите со податоци за локација лесно можат да бидат злоупотребени од страна на владите како „алатка за социјална контрола“ што ги следи „движењата на милиони луѓе“.

Притоа се додава дека подложувањето на таквиот „наметлив и непотребен надзор“ може да предизвика луѓето да ја изгубат довербата во владите и здравствените власти.

Балкански локатори

Бугарија и Северна Македонија користат апликации за следење кои испраќаат податоци за локација до централните бази на податоци во нивните министерства за здравство.

Владата на Северна Македонија инсистира на тоа дека податоците што ги собира од својата апликација „StopKorona“ ќе бидат заштитени.

Манчевски: Апликацијата „Стоп корона“ достапна, користете ја

Апликацијата беше развиена и и беше дадена на владата од скопската софтверска компанија Nextsense.

Моделот на Nextsense вклучува Bluetooth технологија за откривање близок контакт со потенцијално заразени лица.

Министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски, вели дека оние што имаатпозитивен коронавирус тест можат „доброволно“ да ги дадат своите податоци до Министерството за здравство за да можат да бидат предупредени нивните контакти.

Манчевски додава дека сите податоци се „снимени на безбеден сервер на Министерството за здравство и никој друг корисник нема пристап до мобилните броеви, ниту има зачувано податоци за сопственикот на тој број“.

ViruSafe, лого
ViruSafe, лого

Апликацијата „ViruSafe“ во Бугарија беше одобрена од Министерството за здравство на таа земја на 4 април и беше промовирана за масовна употреба преку Apple и Google на 7 април.

Taa испраќа податоци директно до Министерството за здравство за да се направи мапа на потенцијално заразени лица“ и „да им овозможат на институциите да постапуваат соодветно, во случај на вонредна состојба“.

Следење од блиску

Организациите за заштита на податоците велат дека некои апликации за „следење од блиску“ се помалку наметливи од апликациите за податоци за локацијата што ги користат Русија, Иран и Кина.

Тие тврдат дека процесот може да биде децентрализиран, елиминирајќи ја секоја централна база на податоци што може да биде злоупотребена од разузнавачките агенции, спроведувањето на законот, па дури и за комерцијални маркетинг цели.

Една можност е преку протоколот за следење на Bluetooth, познат како DP-3T - кратенка за „децентрализирана трага за зачувување на приватноста“.

Бретон: Користење на коронавирус апликации само доброволно

Според пристапот DP-3T, логовите со Bluetooth се чуваат на индивидуални паметни телефони наместо во централна база на податоци. Кога некое лице е позитивно на коронавирус, автоматски сигналите се генерираат и им се испраќаат анонимно на оние во близина.

И Apple и Google работеа заедно за да направат софтвер за следење од близина во своите iPhone и уреди со Android.

Тие заедно создадоа интерфејс за програмирање на апликации (API) што им овозможува на нивните паметни телефони да разменуваат податоци едни со други.

Засега, корисниците мора доброволно да го преземат софтверот заедно со апликациите создадени од здравствени власти во земјите.

илустрација
илустрација

Apple и Google соопштија дека планираат да го инсталираат софтверот автоматски преку нивните редовни ажурирања.

Теоретски така може софтверот да се најде на 99% од смартфоните во светот.

Но, не сите земји се согласија за неговата употреба.

Франција, Германија и Британија отфрлат заеднички API.

Европската комисија инсистира на тоа дека апликациите за следење контакти што ги користат земјите-членки треба да бидат целосно во согласност со правилата на ЕУ за заштита на индивидуалната приватност, вклучително и на Општата регулатива за заштита на податоците и Директивата за е-привативност.

Вера Јурова, потпретседател на Европската комисија
Вера Јурова, потпретседател на Европската комисија

„Довербата на Европејците ќе биде клучна за успехот на апликациите за пронаоѓање мобилни телефони“, тврди Вера Јурова, потпретседател на Европската комисија, задолжена за вредности и транспарентност.

„Почитувањето на правилата на ЕУ за заштита на податоците ќе помогне да се осигураме дека нашата приватност и основните права ќе се почитуваат и дека европскиот пристап ќе биде транспарентен и пропорционален“, вели Јурова.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG