Нови фотографии ја доловуваат сè понапнатата линија на контакт меѓу украинските сили и сепаратистите поддржани од Русија во источна Украина, како и руските маневри во близина на украинската граница и подготовките поврзани со кризата што се одвиваат далеку од линијата на фронтот.
На работ: Тензиите меѓу Русија и Украина низ фотографии

9
Припадници на украинските сили за територијална одбрана тренираат во парк во Киев на 22 јануари.

10
Жители од регионот контролиран од сепаратистичка група поддржана од Русија, која себеси се нарекува Народна Република Доњецк, гледаат почесна гарда на 22 јануари за време на церемонијата по повод седмата годишнина од гранатирање на тролејбус во Доњецк.

11
Украински војник на линијата на фронтот во близина на селото Новомихаливка во регионот Доњецк на 21 јануари.

12
Украински војник гледа кон позициите на сепаратистите поддржани од Русија во регионот Доњецк на 21 јануари.