Достапни линкови

„Му ставивте на народите омраза...“


Илустрација
Илустрација

Информациите поврзани со францускиот предлог и бугарското вето во фокусот на интересот на посетителите на Фејсбук страницата на РСЕ.

„Бугарија е како Русија – пристапот е ист, тактиката е различна“. Вака го оценува однесувањето на нашиот источен сосед, Роберт Џозеф, добар познавач на состојбите на Балканот, професор на Школата за меѓународни напредни студии во Мисури, САД и поранешен дипломат во интервјуто за РСЕ на македонски јазик, во кое покрај другото вели дека Путин „победува“ на Балканот со одржување нестабилност.

Џозеф - Путин „победува“ на Балканот со одржување нестабилност
please wait

No media source currently available

0:00 0:14:09 0:00

На нашата ФБ страница, Ајед Меди Амети му порачува „Ова што го кажувате на нас би било убаво да го кажете во Брисел“. Оние што го следат нашето радио развиле дискусија за ветото со кое го спречува почетокот на преговорите на Македонија за членство во ЕУ. Интересно е што меѓу посетителите на ФБ страницата има и по некои бугарски граѓани. Илиа Славчев, на пример пишува: „Не Бугарија, а Србија ги труе мозоците на ’македонците‘“, при што Македонците се ставени во наводници. Филип В. Му реплицира: „150 години спиете на тоа уво и памет не ви дојде! Затоа сте дупката на Европа!“

По информацијата на бугарското МНР: „Ако Скопје го потпише Протоколот, Софија ќе одобри старт на преговори со ЕУ“, Сашо Јовчевски коментира: „Не, благодарам! За разлика од вас ние сме луѓе, не можеме да бидеме заложници и уценети од држава која сака по секоја цена да ни присвои нешто што со векови било наше и до ден денешен. Затоа Еди Рама убаво ви го плесна и ве болеше, ама на тоа ќе се навикнете, држава без корен не бива“. Дејан Чаушевски постирал фотографија на бугарски пратеници во нивното Собрание кои држат транспаренти со натпис: „Македонија е Бугарија“ и напишал: „За ваква ли иднина ни зборувате цело време, НЕ, БЛАГОДАРАМ“. Гордана Трајковска се чуди: „... Некако многу одеднаш се зажелеа да почнеле преговорите, а во суштина едвај чекаат да се изживуваат врз нас со безброј услови според нивни вкус“. Ќемал Џафероски од Струга напишал: „Му ставивте на народите омраза...“, а Фехим Исмаил од Гостивар коментирал: „Дојде време да види македонскиот народ колку безобразни се Бугарите. Во 1990 година Тодор Живков ги смени имињата на Турците... ги поддржувам нашите Македонци... поздрав на сите“.

Парадата на гордоста по трет па се одржа во Скопје, но коментарите, како и секогаш, од неумесни понеумесни, со колнежи и клетви. Јана Шоптрајанова на сите нив им одговара: „Охоо, колку кандидати за кривични пријави поради говор на омраза и повикување на насилство во коментариве. Се чаталите многу, а и вашите деца може да се геј, нема тука ни правила ни избор“. И Теодора Љубевска со коментар: „Овде на сите што им смета пишуваат, толку се почитуваат луѓето затоа...“

Има многу негативни реакции против полицијата по информацијата дека во Прилеп полицаец стрелал во гумите на комбето на Ресенчанец кој незаконски продавал производи од возилото, а тој откако не го послушал предупредувањето, сакал да ги прегази комуналните инспектори и полицискиот службеник. Данчо Поповски со порака: „Не прајте драми, човекот продава за да заработи, вие лебот му го земате, срамота за власта“. Зоран Зоки Филиповски со пост: „Море да ги згазел ќе частев“, но Драгослав Вељковски му порачува: „Запосли го твоето дете во полиција па нека го газат, па ќе те прашам како ќе размислуваш, дали ќе частиш“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG