Достапни линкови

Џозеф: Бугарија е како Русија - пристапот е ист, тактиката е различна


Џозеф - Путин „победува“ на Балканот со одржување нестабилност
please wait

No media source currently available

0:00 0:14:09 0:00

Џозеф - Путин „победува“ на Балканот со одржување нестабилност

Бугарија ја експлоатира моќта како земја членка на ЕУ да каже вие сте вештачка земја во суштина. Вие сте вештачка земја и вие сте само југословенска вештачка творба, но вашиот јазик и историја е базиран на нашиот бугарски идентитет и ние сме помоќни од вас, вели во интервју за РСЕ, Едвард Џозеф, предавач на Школата за меѓународни напредни студии Џон Хопкинс и познавач на состојбите на Балканот.

Господине Џозеф и оваа година, како и лани, бевте гостин на Преспа форумот за дијалог. Лани изјавивте дека Европската унија не го сфаќа Балканот сериозно. Со новонастаната ситуација и војната во Украина дали ЕУ го врати фокусот на земјите од регионот и проширувањето?

Не, целосно и тоа е добар цитат, бидејќи што е разликата меѓу минатата и оваа година. Во право сте да ме цитирате од минатата година и да кажете дека не го земаат сериозно. Што е разликата. Тоа е војната во Украина. Што значи? Значи дека во Европа може да има само еден ред и еден пристап. Тоа е дека земјите мора да се почитуваат меѓу себе, да ги почитуваат своите граници, да се прилагодат на европските вредности, да ги решат разликите на мирен начин и ние се уште тоа не го гледаме во регионот и се уште гледаме силно руско влијание во регионот, кое е спротивно на сите тие вредности. Дали ЕУ го зема посериозно? Го земаат до некаде посериозно. Германија го зема посериозно, но реалниот проблем не е решен. Имаме две земји Србија и Бугарија кои имаат тешко руско влијание и тоа е главниот проблем.

Го споменавте руското влијание. Колку имаа основа тврдењата дека бугарското вето со кое се одложи добивањето на датум за почеток на преговори на Северна Македонија со ЕУ е руска хибридна операција, спроведена преку Бугарија?

Тоа е одлично прашање и одговорот е дека јас немам некој конкретен доказ од тоа, но да кажеме дека е многу веродостојно. Така што не можам да укажам на некој доказ. Но, она на што можам да укажам е фактот дека личности во Бугарија за кои е познато дека имаат многу силни проруски афинитети како претседателот Румен Радев и како претходниот премиер Бојко Борисов имаат силна руска наклонетост. Тоа е под број еден. Под број два е дека бугарските експерти кои се од Бугарија ми велат дека има многу корупција. Многу коруптивни руски пари во Бугарија и ние знаеме дека ова е стандарден метод на операција. Дали јас Едвард Џозеф може да укажам и дa дадам доказ за некој криминалец кој го земал законот во свои раце- Не. Но, да кажеме дека е веродостојно, но исто така мора да се потсетиме дека е возможна доброволна природа на тие кои се подредени на Русија. Дури и да не добиваат некои инструкции нивната подреденост е антидемократска и проруска и тие го експлоатираат ова македонско прашање за да го постигнат тоа.


Закана ли е руското влијание за евроинтегративниот процес на Северна Македонија и на земјите од Западен Балкан?

Одговорот е да, бидејќи ова прашање во Бугарија на екстремен национализам е рефлексија и многу потсетува на тоа што Русија прави во Украина. Размислете за тоа. Русија и Путин особено како ја нарекува Украина - Вештачка земја и неговиот став е „Не сме многу помоќни, а Вие сте помалку моќни. Вие сте вештачка земја. Вие всушност сте Руси на некој начин. Вашиот идентитет не постои тој е вештачки“.

Имаме сличен пристап, не со сила, но исто така со користење на моќ. Бугарија ја експлоатира моќта како земја членка на ЕУ да каже Вие сте вештачка земја во суштина. Вие сте вештачка земја и Вие сте само југословенска вештачка творба, но вашиот јазик и историја е базиран на нашиот бугарски идентитет и ние сме помоќни од вас. Што е разликата. Пристапот е ист, а различна е тактиката. Но, истиот пристап не се европските вредности.

Руската инвазија врз Украина предизвика економска криза, но колку постои закана од војната по безбедносна на Западен Балкан?

Заканувачки е на индиректен начин. Многу луѓе се загрижени, особено во Босна за ненадејна војна. Видете не може да го исклучите тоа. Не може да кажете дека нема да се случи. Или дека воопшто не може да се случи некој конфликт на Косово. Така што може да се случи, но руското влијание и руските цели се задоволени и без војна. Путин не победува на Балканот само ако има нова војна. Не , Путин победува со овој статус кво. Путин победува со одржувањето нестабилност. Не, замрзнати, туку нестабилни во овие услови кога ништо не оди напред, туку се движи назад. Тоа е победа. Путин вели видете го ова ЕУ и САД не може ни да го средат овој хаос. Луѓето губат интерес. Тие стануваат сочувствителни и плус мора да се потсетиме дека има и друг начин. Мора да го потенцирам ова дека Владимир Путин победува кога неговите сојузници како Александар Вучиќ и Румен Радев победуваат. Така што кога тие се силни тогаш тој победува. Србија е единствената земја во Европа која се уште не ставила санкции врз Русија. Ова е победа. Ер Србија лета за Москва. Ова е победа. Путин треба да биде изолиран, а Србија не го изолира. Министерот за надворешни работи ќе се сретне со Лавров. Тоа е планот. Така што ова е само манипулација во име на Путин и е уште еден начин кога Путин победува.


Земјите членки на ЕУ и САД во неколку наврати побараа од Србија да ја усогласи својата надворешна политика со западната. Но, Србија ги ингнорира таквите повици. Колку е одржлива оваа позиција на Србија?

Јас ќе ви го дадат моето мислење и тука се надевам дека не сум во право. Навистина се надевам дека моето мислење е погрешно и можеби ќе биде. Моето мислење е дека е сосема одржливо за Александар Вучиќ да ја има оваа позиција. Најпрвин видете колку месеци ја има оваа позиција. Дали гледате некаква акција, реакција? Не. Дали гледате зголемена самодоверба во Белград? Да. Тој со Путин потпиша договор за набавка на гас за три години. Тој повторно го продолжува односот на зависност со Путин преправајќи се дека е заинтересиран за членство во ЕУ, кога за 10 години нема направено речиси ништо за членството во ЕУ. Така што, оваа манипулација ја нареков шарада. Тоа е шарада која продолжува и ЕУ и САД не прават ништо за тоа од една причина. Тоа е поради Косово и предноста која Белград ја има врз Косово, бидејќи ЕУ е поделена за Косово.

Според вас, има ли шанси Србија да ја признае независноста на Косово, како што тоа го очекува меѓународната заедница?

Не. Одговорот е илузија дека Србија под Вучиќ преку некој процес на чекор по чекор ќе го признае Косово. Дури не е важно дали е Курти или Хоти или некој друг. Единствениот начин на кој што ќе го направат е поделбата или размена на земјиште или нешто што е практично исто. Со други зборови нешто што го уништува суверенитетот и е многу опасно затоа што тоа е пристапот на Путин. Ова е тоа што го прави Путин.

Меѓусебни спорови го кочат или одолговлекуваат европскиот пат на земјите од Западен Балкан. Кои се последиците од понатамошно неинтегрирање на регионот?

Многу е сериозно. Но, ние мора да разбереме дека има само две прашања на Балканот, бидејќи се останато, сите други прашања, дури и на пример да кажеме меѓу Хрватите и Боснаците во БиХ, сите тие се решаваат ако имате демократски пристап во Србија и Бугарија. Во ред. Тоа се две земји - Србија и Бугарија, затоа што секоја друга земја во регионот и секоја друга популација освен во Република Српска и Босна покажа дека сака да биде дел од Западот. Што значи да се биде дел од Западот? Тоа значи решавање на спорови на мирен начин. Значи усвојување ЕУ реформи и владеење на правото. Што направи Србија која преговара 10 години? Северна Македонија очајно моли да биде членка. Албанија е очајна да биде членка, спроведувајќи ги сите реформи и услови и тогаш тоа и е негирано. Србија ја има привилегијата што ги почна преговорите. Што Србија направи со оваа привилегија за 10 години? Јас не измислувам ништо. Го знаете одговорот. Одговорот е дека не направија ништо. Така што, на нив им е дадена привилегија која на Северна Македонија и Албанија им е негирана. Тие не направија ништо вредно. Вучиќ ги враќа назад на домашен план. Ги контролира медиумите. Доминира во независните институции во Србија и нема да имате стабилност во реони каде има Срби во Косово, Црна Гора и БиХ и нема да имате и во Северна Македонија каде имате антидемократски и проруски сили во Бугарија кои се на моќ.

Зошто сметате дека иницијативата Отворен Балкан на Северна Македонија, Албанија и Србија е грешка?

За трговија е многу добро да се намалат границите и е многу добро да се зголеми економскиот потенцијал. Тоа е многу добро, но нема докази ако само ги намалите границите и една земја е далеку поголема од економиите на другите земји и е авторитарна и антидемократска по природа добивате проблеми. Мислам на Србија. Така што целата теорија за Отворен Балкан е дека трговијата прави доверба. Секој што верува дека е толку едноставно треба само да ја погледне Украина, бидејќи Украина имаше висока трговија со Русија до инвазијата. Многу висока трговија. Пред неколку години Русија беше број еден трговски партнер на Украина. Дури и пред војната не беше број еден, но се уште беше високо, а во некои области имаше и зголемена трговија. Дали гледате некаква доверба меѓу Русија и Украина. Не. Кина уште еден авторитарен и антидемократски режим тргува со Јапонија, со Јужна Кореја, со Тајван без развој на доверба. Има доверба меѓу Јапонија и овие земји и Тајван, но не со Кина. Кина е авторитарен режим кој сака моќ за да врши притисок врз овие земји. Русија сака моќ за да врши притисок врз Украина и, за жал, Србија сака моќ за да ја поткопа сувереноста на Косово, Црна Гора и БиХ. Јас не го измислувам ова. Зошто Вучиќ би му дозволил на неговиот министер за внатрешни работи и поранешен министер за одбрана Александар Вулин постојано да повторува и зборува за српски свет. Српскиот свет е руски свет. Ова е потполно спротивно на вредности на ЕУ. Трговски режим кој и дава на Србија повеќе моќ и кој ја држи Србија надвор од европските вредности е грешка. Ќе ја направи ситуацијата полоша. Одговорот е Берлинскиот процес кој е под раководство на Германија и е во линија со вредностите на ЕУ и е во линија со пристапниот процес на ЕУ. Веќе се покажа дека може да функционира и САД и други кои се загрижени и кои сакаат процесот да се забрза може да работат во рамки на Берлинскиот процес и да и помогнат на Германија да го поттикне ова. Така што мислам дека Отворен Балкан е грешка.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG