Достапни линкови

Муслиманите се подготвуваат за Курбан Бајрам

Муслиманите ширум светот се подготвуваат за Курбан Бајрам, и покрај ограничувањата наметнати со напорите за борба против коронавирусот. Курбан Бајрам, или празникот на жртвата, се слави на аџилакот во Мека, кој годинава започнува на 30 јули.

Во текот на овој празничен период, муслиманите ги убиваат своите најдобри халалови животни како симболична почит кон подготвеноста на пророкот Ибрахим да го жртвуваат својот прв син како чин на молитва кон Бога. Пред Ибрахим да го жртвува својот син, Бог наместо тоа понудил јагне. Традиционално е да се дистрибуира жртвуваното месо на сиромашните. Курбан Бајрам и Бајрам кој го означува крајот на светиот муслимански месец Рамазан, се двата најважни фестивали во исламскиот календар.

Вчитај повеќе

16x9 Image

Гоце Атанасов

Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG