Достапни линкови

Москва претпазливо ги следи настаните во Белорусија и чека


Претседателите на Русија и на Белорусија Владимир Путин и Александар Лукашенко
Претседателите на Русија и на Белорусија Владимир Путин и Александар Лукашенко

И додека претседателот на Белорусија Александар Лукашенко тврди дека добил над 80 проценти од гласовите на изборите на 9 август, а полицијата со употреба на сила ги растерува демонстрантите по затворањето на анкетите, Москва остана релативно тивка во врска со изборниот резултат и иднината на нејзините врски со малата земја на запад.

Веднаш откако во Белорусија беше објавена убедливата победа на актуелниот претседател Александар Лукашенко, а неговиот главен предизвикувач го отфрли тој резултат како фалсификуван, рускиот претседател Владимир Путин му испрати честитка на својот колега во која бара континуирана соработка што „ги исполнува виталните интереси на братските нации“.

Путин не кажа ништо за протестите што се одвиваат низ Белорусија, поттикнати од гневот поради доказите за местење гласови против кандидатот на опозицијата Свјатлана Циханускаја.

Русија негира дека има територијални претензии кон соседите

Јужниот сосед на Белорусија, Украина ги наведе немирите и повика на „дијалог“, а Европската унија го осуди полициското насилство што ги задушува во крв протестите.

Втор ден насилни протести во Минск
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:15 0:00

Но, Москва е релативно тивка, очигледно чекајќи да види што ќе се случува меѓу власта на авторитарниот лидер, кој ја имаше руската помош во изминатиов четврт век и сè поголемиот број граѓани кои се спротивставија на неговото владеење.

„Москва, како и сите други, претпоставува дека Лукашенко сепак уште многу години ќе владее“, вели Марк Галеоти, експерт за Русија од Лондон.

За време на 26-те години на власт на Лукашенко, економската стабилност на Белорусија беше во тесна врска со милијардите долари руски субвенции, вклучително и постојаното снабдување со евтина сурова нафта што Минск ја купува со попуст, а потоа рафинирана или како нафтени производи ја извезува во Европа.

Лукашенко – Русија го прикрива обидот за дестабилизација на Белорусија

Но, се зголеми притисокот врз Лукашенко да понуди повеќе за возврат. Во 2018 година Москва започна да ги покачува цените на енергенсот за на крајот тие да станат како пазарните.

Дури и пред сегашниот протестен бран, претседателот Лукашенко беше под сериозен притисок од Москва да се интегрира со Русија во унијата, која во голема мера постои на хартија од 90-тите години, во замена за компензација на цената на нафтата.

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко

Во честитката на Путин до Лукашенко тој повикува на поблиска интеграција и зголемена соработка во Евроазиската економска унија и Организацијата за колективна безбедност - регионални политички, економски и воени групирања во кои доминира Москва.

На ова сценарио политички ослабениот Лукашенко сè потешко може да му се спротивстави.

Еден демонстрант загина на вториот ден протести во Белорусија

Набљудувачите велат дека телеграмата на Путин до Лукашенко е повеќе список за активности за поблиски врски со Русија отколку честитка.

„Путин всушност не му честиташе на Лукашенко, туку му ги претстави условите за повторно ангажирање“, напиша на Твитер Дмитриј Тренин, директор на московскиот Карнеги центар.

Испробување на водата

Поддржувачите на Циханускаја ги отфрлија официјалните изборни резултати кои и дадоа помалку од 10 проценти од гласовите и планираат повеќе протести низ Белорусија.

Москва сега гледа и чека на тоа како ќе одговорат Лукашенко и безбедносните сили што го поддржуваат.

Циханускаја во Литванија

Галеоти посочува на активниот контакт меѓу безбедносните служби на Русија и Белорусија, со тоа што Москва внимателно го следи расположението во Минск и особено можноста дали вооружените претставници на државата би можеле да застанат зад демонстрантите.

„Мислам дека во моментот Москва многу внимателно се обидува да ја испроба водата и да почувствува дали безбедносните сили ќе останат лојални. Тоа ќе биде апсолутно круцијално прашање“, наведува Галеоти.

За Кремљ, познатиот лидер можеби е помало зло од Циханускаја и лидерите на опозицијата.

Во меѓувреме, географската позиција на Белорусија, помеѓу Русија на исток и ЕУ и НАТО на запад, може да биде од голема корист за Лукашенко, ако тој не успее да добие вистинска поддршка - или ако се соочи со голем предизвик - од некоја од двете страни.

„Лукашенко ќе ја засилува секоја бура сè додека Русија и Западот имаат помала доверба во него отколку што имаат меѓу себе“, оценува политичкиот аналитичар Максим Саморуков, соработник во Карнеги центарот во Москва.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG