Достапни линкови

Русија негира дека има територијални претензии кон соседите


Рускиот претседател Владимир Путин

Кремљ негираше дека има какви било територијални претензии кон поранешните советски републики.

„Не, Русија нема територијални претензии кон соседите“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков го даде коменатрот по изјавата на рускиот претседател Владимир Путин во документарниот филм „Русија. Кремљ. Путин“ дека некои републики биле во можност да го напуштат Советскиот Сојуз со „подароци“ за време на распадот на земјата во 1991 година.

Во документарецот, кој се емитуваше на 21 јуни, Путин не кажува точно кои од 14 републики освен Руската Федерација „ги земала“ како што ги нарече „традиционално историските територии на Русија“, потенцирајќи дека „кога се создал Советскиот сојуз, право за напуштање на сојузот е напишано во договорот, но постапката не била опишана“. Путин исто така рече дека нелегалното анексија на Москва на украинскиот полуостров Крим во 2014 година е „демократски избор на населението на полуостровот“.

„Крим отсекогаш бил наш. Дури и од судска гледна точка“, рече Путин.

Руската анексија на Крим во 2014 година и поддршката на проруските сепаратисти во источна Украина во конфликтот во кој загинаа околу 13.200 лица ги затегнаа односите Москва и Киев, предизвикувајќи загриженост кај другите поранешни советски републики, особено Белорусија и Казахстан, што имаат долги граници со Русија и значително етничко-руско население кое живее во областите близу до границите.

„Путин зборуваше за претходните системски грешки во уставот, кои не успеаја да предвидат цели ситуации, случувања кои можат да имаат негативни последици за нашата држава“, рече Песков.

XS
SM
MD
LG