Мистериозни пожари ја зафатија Русија
Смртоносниот пожар во нафтена рафинерија во Русија на 15 декември е последниот во низата големи пожари што ја зафатија земјата во текот на изминатиот месец. Некои од пожарите уништија објекти кои беа од витално значење за тековната инвазија на Москва врз Украина.

1
15 декември: Последиците од „пожар и експлозија“ во која загинаа две лица во нафтената рафинерија Ангарск, во близина на Бајкалското Езеро во Сибир. Објектот е една од најголемите руски фабрики за преработка на нафта, со годишен капацитет за производство од повеќе од 10 милиони тони нафта.

2
12 декември: Пожар што урна дел од покривот на трговскиот центар Строипарк во Балашиха, источно од Москва. Според пишувањата на руските медиуми, вработен во трговскиот центар добил изгореници на респираторниот тракт додека се обидувал да го изгаси пожарот пред да пристигнат пожарникарите.

3
Карта на која се прикажани локациите на значајните неодамнешни пожари низ Русија.

4
10 декември: Пожарникари се борат со пожарот што започна во замокот Лопухин, историска зграда во центарот на Москва која е дел од Државниот музеј за ликовни уметности Пушкин.