Казахстанците имаат долга историја на користење на птици грабливки во лов на лисици, волци и други животни и оваа традиција продолжува до денес. Турнирот на лов со орли, познат како Златен орел, се одржа на 5 декември. Поради пандемијата на ковид-19, ловци од други земји, како што се Киргистан и Монголија, не беа во можност да учествуваат.