Казахстанците имаат долга историја на користење на птици грабливки во лов на лисици, волци и други животни и оваа традиција продолжува до денес. Турнирот на лов со орли, познат како Златен орел, се одржа на 5 декември. Поради пандемијата на ковид-19, ловци од други земји, како што се Киргистан и Монголија, не беа во можност да учествуваат.
Лов со орли во Казахстан: Традицијата стана спорт

1
На турнирот учествуваа натпреварувачи од десет региони на Казахстан. Поради пандемијата на коронавирусот, имаше ограничувања за нив. Им беше дозволено да донесат само по две птици од секој регион, еден сокол и еден орел. На оваа фотографија ловец со див орел се подготвува за почеток на натпреварот.

2
Натпреварот се одржува во неколку фази. Птиците беа тестирани на ниво на вештини за обука и лов. Птицата треба лесно да го најде својот сопственик на висина од 200 метри и да слета на неговата рака. Тие исто така треба да можат да ловат гулаби, лисици и зајаци. На оваа фотографија, еден степски сокол лови зајак.

3
Ако птицата не го најде својот плен самостојно, учесниците на турнирот мора да ја уловат и да ја вратат во кафезот, како зајакот на оваа фотографија. Ако птица успее да фати животно, сопственикот обично се обидува да го одржи во живот.

4
Фејсбук форум