Достапни линкови

Пораст на смртни случаи од ковид-19 во Иран


Техеран, Иран.

Бројот на смртни случаи од ковид -19 во Иран во изминатите 24 часа надмина 100, за првпат во изминатите два месеци, соопшти денеска Министерството за здравство на Иран.

Од Министерството објавија дека 107 луѓе починале од коронавирусот во изминатите 24 часа, со што бројката на починати се искачи на 8.837.

Во изминатото деноноќие се регистрирани 2.472 новозаразени со вирусот со што бројката на инфицирани во земјата достигна 187.427 луѓе.

Се верува дека реалните бројки се значително повисоки.

По постепеното намалување на мерките, Иран во последните недели бележи пораст на нови заразени.

Вчера претседателот на Иран, Хасан Рохани рече дека повторно ќе бидат воведени ограничувања за спречување на пандемијата ако граѓаните продолжат да не ги почитуваат регулативите за јавно здравје.

XS
SM
MD
LG