Достапни линкови

Агенцијата за атомска енергија го критикува Иран


Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), тело на ОН, донесе резолуција со која се критикува Иран, прв документ од таков вид од 2012. Резолуцијата го повикува Техеран да им обезбеди пристап до две локации во земјата на инспекторите од МААЕ, за да се разјасни дали таму имало непријавена нуклеарна активност од почетокот на 2000 година.

Иран со месеци го блокира пристапот до локациите.

Резолуцијата е донесена со 25 гласа „за“ наспроти два „против“, и со седум воздржани. Против гласаа Русија и Кина. Резолуцијата предложена од Франција, Германија и Велика Британија, беше поддржана од САД, иако американскиот амбасадор во ОН во Виена рече дека „текстот би можел да се зајакне“.

Претходно оваа недела, Иран предупреди дека таквата резолуција ќе биде „контрапродуктивна“ и дека како одговор ќе преземе „соодветни мерки“.

И покрај тоа што за посочените локации не се смета дека се директно релевантни за тековната нуклеарна програма на Иран, Агенцијата вели дека треба да знае дали активностите што се одвиваат таму скоро две децении се правилно декларирани.

МААЕ: Иран за тројно го зголемил збогатениот ураниум

И покрај расправијата околу двете локации, МААЕ вели дека сè уште има пристап потребен за да изврши увид во нуклеарните постројки во Иран, според мандатот на Агенцијата, во согласност со договорот меѓу Иран и светските сили постигнат во 2015 година.

Откако САД се повлекоа од договорот, Иран почна да крши дел од постигнатите правила.

XS
SM
MD
LG