Достапни линкови

Она што нема да те убие ќе ти остави залихи од брашно, зејтин и конзерви


Илустрација
Илустрација

Полни колички брашно, зејтин и конзерви и празни рафтови во маркетите. По првиот случај на коронавирус во земјава, граѓаните се спремаат за армагедон.

По регистрирањето на првиот случај со коронавирус во земјава, македонските граѓани ги испразнија рафтовите со брашно, зејтин и конзерви во супермаркетите. Некои се спремаат за армагедон, други, пак, се шегуваат дека уште имаат залихи месен нарезок од бомбардирањето на Србија во 1999. Дел од граѓаните очигледно се спремаат за самонаметнат карантин. Може да излезат од дома дури налето.

Други се прашуваат што ќе прават граѓаните со толку храна.

Трети задржуваат ниво и во време на криза.

Некои, пак, се загрижени за макроекономската стабилност и за диетскиот режим.

Во исто време во аптеките е тешко да се најдат заштитни маски, а нивната цена е неколку пати поголема од пред една недела, иако здравствените власти предупредија дека маските не штитат, туку напротив, може да го забрзаат ширењето на вирусот. Маски треба да носат оние што се болни, а не здравите кои сакаат да се заштитат.

На вчерашната прес-конференција во владата, министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека 50-годишна жена која се вратила од Италија е првиот регистриран случај со коронавирус. На социјалните мрежи почна да се шири паника и негативни и злобни коментари кон заболената.

Дека „не сме саде ние и не сме саде тука“ покажува и случајот минатата недела кога Украина ги евакуира своите државјани од кинеската провинција Вухан, каде што се појави вирусот, а жителите на гратчето Нови Санжари, каде што се сместени во карантин, го каменуваа автобусот и се судрија со полицијата, велејќи дека не ги сакаат во нивна близина.

Коронавирусот се појави во Кина во декември. Таму се и најголемиот број од над 80 илјади заболени. Оттогаш вирусот се прошири во над 40 земји, а пред неколку дена стигна и на Балканот. Има регистрирано случаи во Хрватска, Грција и во Македонија. Италија е земја со најголем број заболени во Европа.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Трендинг е седмична рубрика на Радио Слободна Европа на македонски јазик, во која автентично ви пренесуваме дел од највпечатливите коментари на социјалните мрежи за одредена тема. Пренесените коментари се мислења или ставови на авторите на коментарите и не се дел од уредувачката политика на РСЕ.

Повеќе
XS
SM
MD
LG