Достапни линкови

Корона вирусот и бомбата на Милошоски - вие коментирате


Прислушување

Село гори, баба се чешла и лудилото за власт не се брани, се само два од многуте коментари на посетителите на социјалните мрежи на РСЕ на темите кои ги одбележаа изминативе денови.

„Село гори, баба се чешла! Да преземете мерки и да ја подготвите нацијата за корона вирусот!... Цел свет се подготвува, само кај нас лудило од политика! Еве ви го на врата во Италија, станете сериозни и не си играјте со луѓето, и така една шака народ сме!“ – овој пост на Катерина Мрзневска Илиева на ФБ страницата на РСЕ со апел до надлежните како да ја прикажува сета наша реалност – опседнатоста со политика и само политика.

И на партиите и на граѓаните. Антонијо Милошоски објави нова „бомба“, снимен разговор во кој поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев наводно кажува дека бил во дослух со Врховниот суд и со веќе непостоечкото СЈО. Илијоска Хрисула потсетува со прашање: „А Зврлевски чиј беше?“ Исто како и Миле Стерјовски: „А кој беше Јово превара кој со години ги чуваше предметите во фиока?“ Благоја Стојчевски и Мојсе Митрески наместо коментар постирале фотографии на Милошоски со развеано бугарско знаме, а Мики Дамјановиќ вели дека „Ништо конкретно не е кажано... Не е ни петарда. Само фитилче за оние кои не разбираат“. „Вакви ко овој беа 12 години на власт. Што направија освен пљачкање? Ништо. Овие денешниве се малку подобри, ама далеку се од добри“ – смета Шерко Сејдиноски. Данка Динева напишала: „Изгледа имаш кошмари со Заев, заспиваш со него и се будиш, страв во коски ти влегол и право е така да се чувствуваш зашто се откри твојот криминал“.

Изјавата на Заев дека снимката веројатно е тајно снимена на некој од состаноците со групата пратеници исклучени од ВМРО-ДПМНЕ за важноста од донесувањето на Законот за ЈО исто така предизвикала прилично реакции. Гоце Јовески со коментар: „Колку било важно ти да се спасиш. Барај азил во Нигерија или кај некое племе во Амазонија“. Верица Цветановиќ со спротивно мислење: „На Милошоски мозокот му стана чорба, кој може да му помогне?“

Информација дека ДИК го отфрли барањето на техничкиот министер за полиција, Наќе Чулев, да го поништи владиното решение за назначување нов началник на СВР Тетово зашто тоа било во надлежност на Антикорупциската комисија, Стојанче Станоевски го коментира со потсмев: „Овој Чулев не знае во кои институции да се жали, а води Министерство“. Билјана Гареска се надоврзува: „Не му текна да оди да го праша бившиот премиер, тој сè знае, само не знае да ги научи поимите каде се употребуваат зашто не знае што значат“. Драган Ѓорѓиов со свое мислење: „Абре Чулев, тебе те најдоа полесен за курбан“.

ДИК најави казни за партиите што ќе водат црна предизборна кампања. Бобан Неделковски не е зачуден од оваа најава: „Па нормално дека не треба да се дозволи црна кампања со државни пари“. По изјавата на обвинителката Вилма Русковска дека одбраната на петтемина функционери на ВМРО-ДПМНЕ, обвинети за организирање на упадот во Собранието на 27 април предложиле по 300 сведоци, потпишан со Игор Икс пресметал дека ќе треба „Околу една година за да се сослушаат“, а Ордана Николова коментира: „Секој што лежи си заслужил, и овие што одолговлекуваат ќе си лежат. Да влезеш во Собрание да убиваш свој народ за ти да бидеш на власт = шизофренија. Лудилото за власт не се брани“. Зоран Милиќ со предлог: „Сите судии и обвинители да се повлечат, ние неколкумина неписмени да ги завршиме тие судења за една недела“. Пејов Михо Димитар ѝ и се обраќа на Русковска: „А ти имаш проблем со сведоците, имаш наредба од Заев да донесете нелегални пресуди како што еднаш донесовте, па затоа сега невини Македонци скапуваат во затвор“. Но Искра Гудовска – Костадиновска со спротивно мислење за обвинителката за организиран криминал постирала кратко: „Русковска ЦАР!“

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG