Достапни линкови

Чувајте се или не верувате дека короната постои - вие коментирате!


Митови за корона тизер

„Абе престанете со тестирања и ќе нема корона, туку обичен грип. Или арно ви е, вака се полни буџетот со пари од тестовите“. Емил Недков им наоѓа маана на медиумите: „Да ги нема медиумите и вирусот ќе го нема“ - вие коментирате на Фејсбук

Веста што веројатно заслужува да биде прва во нашиов преглед на вашите коментари на ФБ страницата на РСЕ е дека во Македонија има над 6000 заболени од Ковид-19, а само од почетокот на месецов се евидентирани 3854 позитивни и 154 починати. Надлежните уверуваат дека и покрај зголемената бројка заболени и хоспитализирани, ситуацијата добро се менаџира, а здравствениот систем има капацитет да ги прими сите пациенти. Оваа вест е најнова на нашата веб-страница, па додека го правиме прегледов - коментари нема.

Но ваши коментари има по последната информација од неделата за 176 нови случаи, од кои најголем број во Скопје – 61. Зоран Петрески потсетува на старата поговорка – кој ќе преживее, ќе раскажува – а Илинденка Милевска со резигниран пост: „...Не очекувајте интерес за овој проблем од страна на политичките партии кои во моментов се во војна за освојување на власта. Не очекувајте ниту нивен интерес по освојувањето на власта бидејќи тогаш ќе бидат повеќе заинтересирани за делбата на пленот. Чувајте се сите“. Сѐ уште многу граѓани не веруваат дека постои корона вирусот, па потпишан со Пишман Панкер напишал: „Абе престанете со тестирања и ќе нема корона, туку обичен грип. Или арно ви е, вака се полни буџетот со пари од тестовите“.

Видео - ни топлото време не ја победи короната

На коронавирусот не му е топло, ниту му студи
please wait

No media source currently available

0:00 0:06:54 0:00

Емил Недков им наоѓа маана на медиумите: „Да ги нема медиумите и вирусот ќе го нема“. Бисера Петрова, меѓутоа, го кажува своето искуство: „Јас бев болна од Ковид-19. 34 дена бев во болница и не е обичен грип, сум била болна и од грип и воопшто не е исто. Моја препорака е да внимавате на себе и на здравјето на своите блиски со тоа што ќе одбегнувате собири од секаков вид. Не е лага, постои вирусот! Чувајте се!“ И Сенат-Елвиса Куц со сличен пост: „...Работам во болница, во едно вакво одделение... Само можам да го потврдам тоа што го кажа. Болеста егзистира, не е безопасна и бара голема одговорност од сите нас. За жал, докажуваме дека нашата свест сѐ уште не е дорасната на ваквите предизвици!“ Георги Методиев Христовски со иронија и дијалект: „Изборите че се извеѓават по хоспиталии, а третио бран че го дочекаме со синдромот, имунизирано стадо“.

СЗО: најголем број на нови инфекции во светот за еден ден - 189.000

Изборите се ближат. ДИК излезе со протокол дека ќе се гласа со дистанца, со маски и дезинфицирани раце. Срѓан Потиќ со контра: „Напротив, никој не треба да носи маска и раце да дезинфицира, па да видиме кој ќе гласа“. Ацо Колоски му одговара: „Ќе гласаат само партиските послушници. И некој залутан“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG