Достапни линкови

СЗО: најголем број на нови инфекции во светот за еден ден - 189.000


Бразил, илустрација

Светската здравствена организација објави дека светот регистрира нов најголем број заразени со коронавирус за еден ден, откако инфекцијата беше потврдена кај повеќе од 189.000 луѓе во претходните 24 часа. Досега најголем број заразени за еден ден изнесуваше 183.000.

Расте бројот на заболени од коронавирусот на Балканот

Повеќето нови случаи на инфекција се регистрирани во Бразил, повеќе од 46.800, а потоа следат САД, 44.400 и Индија со околу 20.000 новоинфицирани. Далеку најмногу заразени има во САД, повеќе од 2,5 милиони, што е двојно повеќе од Бразил. Бројот на смртни случаи во светот од ковид-19 надмина 500.000, вкупно потврдените случаи надминаа 10 милиони.

XS
SM
MD
LG