Достапни линкови

Некои добро, некои погрешно во борбата со коронавирусот


Police officers use face masks as a preventive measure against the spread of the new coronavirus, COVID-19, in Cali, Colombia on March 20, 2020.
Police officers use face masks as a preventive measure against the spread of the new coronavirus, COVID-19, in Cali, Colombia on March 20, 2020.

Земјите во светот се соочија со коронавирусот, еден од најголемите предизвици на векот. Без брзи и јасни правила за тоа како да се запре ширењето на КОВИД-19, некои земји се носат подобро од другите.

Бројот на заразени со КОВИД-19 ширум светот се приближува до милион, а досега болеста однесе скоро 43.000 човечки животи.

До ефикасна вакцина може да почекаме неколку месеци, ако не и години.

А, не постои ни книга на правила како земјите треба да одговорат на кризата.

Њујорк -илустрација
Њујорк -илустрација

Сепак, во услови на невиден предизвик од пандемијата, земјите прават што можат за да го запрат или барем да го забават нејзиното ширење.

Владите често преземаат различни пристапи: од карантин и физичко дистанцирање до носење заштитни маски.

Јужна Кореа

Јужна Кореја беше една од најтешко погодените земји на почетокот на пандемијата, а предвидувањата беа сериозни.

Но, иако земјата на 1 април пријави скоро 9.900 инфекции и 165 смртни случаи земјата беше пофалена за успешно справување со ситуацијата.

Клучот се чини е во иновативна имплементација на тестирање со широк опсег, вклучително и користење на стаклени кабини, слични на телефонските говорници каде што луѓето брзо и безбедно се тестираат од коронавирус, како и следење на заразените и нивните потенцијални контакти.

Зошто тестирањето е толку важно за спречување на КОВИД-19?

Ерик Фејгл-Динг, епидемиолог во Федерацијата на американски научници, вели дека Јужна Кореја тестира по 15.000 луѓе на ден, со што земјата станува еден од светските лидери.

Јужна Кореа се соочи со појавата на МЕРС во 2015 година, која потекнува од Блискиот исток, по што го реорганизира системот за контрола на болести.

Колку време преживува коронавирусот на површини?
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:42 0:00

Покрај одличната здравствена заштита, земјата има врвна индустрија за биотехника.

Но, употребата на технологијата за надгледување, особено на видео надзор и следење на банкарски картички и мобилни телефони, за да се идентификува кој ќе биде тестиран, предизвика загриженост во врска со заштитата на приватноста.

Германија

На прв поглед, бројките во Германија не изгледаат одлично. Според извештајот на Џон Хопкинс, Германија е петта во светот според бројот на потврдени случаи со коронавирус. На 1 април имаше над 71.000. Повеќе од 770 луѓе починаа од КОВИД-19.

Но, со оглед на нејзината популација од повеќе од 82 милиона, стапката на смртност во Германија - повеќе од еден процент - е релативно ниска.

Колку за споредба, Шпанија и Италија имаат стапка на смртност од над 10 проценти.

Како и Јужна Кореја, релативно нискиот број во Германија се објаснува делумно и со масовното и навремено тестирање.

Кристијан Дростен, водечки германски експерт за коронавирус, вели дека тестирањето започнало во почетокот на јануари, кога бројот на случаи бил релативно мал.

Масовното тестирање во Германија ја држи ниска смртноста од коронавирусот

Одредувањето кој го има вирусот е клучно за запирање на неговото ширење, затоа што многумина што го пренесуваат не знаат дека го имаат.

Но, Германија, исто така, презеде други вонредни чекори, како на пример, воведување ограничувања на јавни собири и затворање на не-важни продавници, барови и ресторани.

Исто така, здравствениот систем на земјата е добро опремен за справување со кризата, со 500.000 болнички кревети. Германија сега планира да го удвои тој број.

Италија

Италија досега има пријавено повеќе од 105.000 потврдени случаи на КОВИД-19 и најмногу смртни случаи над 12.400 кои се поврзани со коронавирусот.

Според експертите, одговорот на земјата беше премал, и задоцнет. До 23 февруари, земјата имаше 123 случаи и запечати 11 градови.

Но, пораката на владата беше збунувачка: додека официјалните лица бараа физичко дистанцирање и ги затворија сите јавни училишта, тие исто така ги уверуваа Италијанците дека не да треба да ги менуваат „навиките“.

Коронавирусот и што претставува близок контакт со заразено лице?

Експертите исто така се согласуваат дека здравствениот систем на Италија не е подготвен да се справи со ваква криза.

Џорџо Палу, водечки експерт за вирологија вели дека една од грешките што ги направи Италија е затнувањето на болниците со заразени пациенти чии симптоми не биле критични.

Во средината на март, владата издаде наредби за вонредна состојба и за издвојување на 3,9 милијарди долари за здравствениот систем, вклучително и проширување на одделенијата за интензивна нега и аквизиција на нови вентилатори и заштитни средства.

Италија - работник со заштитни алишта го санира плоштадот Дуомо во центарот на Милано,
Италија - работник со заштитни алишта го санира плоштадот Дуомо во центарот на Милано,

За разлика од тешко погодениот северозападен регион Ломбардија североисточниот регион Венето не претрпе многу.

Експертите велат дека Венето бил успешен не само поради широко распространетите тестирања, туку и затоа што можел да ги пронајде оние кои можеби биле во контакт со заразено лице, дозволувајќи им на властите да тестираат или да стават во карантин лица со висок ризик.

САД

Соединетите држави сега се епицентарот на пандемијата на коронавирус, со скоро 190.000 пријавени случаи на 1 април, најмногу во светот.

Бројот на смртни случаи во САД ескалираше на над 4.000, и тоа еден ден откако претседателот Доналд Трамп им рече на Американците дека им претстојат „многу тешки две недели“.

Оваа оценка беше во спротивност со претходните негови пораки, како на пример кога Трамп даде уверување на 20 јануари - веднаш откако САД го регистрираа својот прв случај на коронавирус: „Го имаме тотално под контрола“.

Ваквите мешани пораки придонесоа за бавен американски одговор.

Белата куќа: Oколу 240 илјади луѓе во САД би можеле да умрат од коронавирус

Рон Клин, кој ја предводеше борбата против еболата во 2014 година, неодамна изјави дека ова „ќе се изучува со генерации како пример за катастрофален, неуспешен обид“.

САД - пренос на лице со позитивен тест на коронавирус, Њујорк
САД - пренос на лице со позитивен тест на коронавирус, Њујорк

Тестирањето, толку круцијално во борбата против коронавирусот, беше проследено со многу проблеми, иако драматично се зголеми во последните денови.

Немањето комплети за тестирање, неподготвеноста да се одобрат нови, проблемите во производството и конфликтните изјави на Трамп за достапноста и потребата од тестови, се издвојуваат како придонес во доцнењето со тестирањето.

Роберт Редфилд, раководител на Центрите за контрола и спречување на болести, вели дека недостигот на финансирање е исто така фактор за бавниот одговор. „Вистината е дека ние сме потценети во лабораториите за јавно здравје“, им рече тој на конгресмените во минатиот месец.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG