Достапни линкови

Речник на термини кои се користат за епидемијата со КОВИД-19

Компјутерска анимација на новиот коронавирус, што ја предизвикува болеста КОВИД-19
Компјутерска анимација на новиот коронавирус, што ја предизвикува болеста КОВИД-19

Термините како карантин, самоизолација, апелите за седење дома станаа секојдневие по прогласувањето на пандемијата со новиот коронавирус КОВИД-19.

За подобро разбирање на новиот Коронавирус – КОВИД-19 што може да придонесе за подобра заштита презентираме дел од термините кои се употребуваат откако се појави заразата. Покрај медицинското објаснување што значи вирусот и во која група на вируси спаѓа, даваме објаснување и на термините со кои почнаа да живеат цели земји и нации како карантин, самоизолација и други.

КОВИД-19

Ова е името на пандемијата со коронавирус болеста која се прошири низ целиот свет. Таа е предизвикана од новиот коронавирус кој се појави најпрво во Вухан, Кина.

Коронавирус

Ова е име на семејството на вируси од видот Корона како што е Блискоисточниот респираторен синдром (МЕРС) и Тежок акутен респираторен синдром (САРС).

САРС-КоВ-2

Ова е научното име на вирусот кој може да ја предизвика болеста КОВИД-19. Тој означува тежок акутен респираторен синдром коронавирус 2.

Како напаѓа коронавирусот, микроскопски фотографии

Група на SARS-КоВ-2 (тежок акутен респираторен синдром коронавирус 2) вируси - цели честички на вирусот - гледани преку електронски микроскоп.

Новиот коронавирус прв пат беше пријавен во кинескиот град Вухан кон крајот на 2019 година и уби на повеќе од 36.000 луѓе ширум светот заклучно со 30 март.

1/11 Група на SARS-КоВ-2 (тежок акутен респираторен синдром коронавирус 2) вируси - цели честички на вирусот - гледани преку електронски микроскоп.

Новиот коронавирус прв пат беше пријавен во кинескиот град Вухан кон крајот на 2019 година и уби на повеќе од 36.000 луѓе ширум светот заклучно со 30 март.

Микроскопски фотографии на новиот коронавирус што предизвикува пандемија. Погледнете детално како влегува во човечка клетка и како ја разградува.
Вируси САРС-КоВ-2 кои во човечка клетка.

Сите фотографии во оваа галерија се обоени со употреба на софтвер.

2/11 Вируси САРС-КоВ-2 кои во човечка клетка.

Сите фотографии во оваа галерија се обоени со употреба на софтвер.

Микроскопски фотографии на новиот коронавирус што предизвикува пандемија. Погледнете детално како влегува во човечка клетка и како ја разградува.
Вируси на САРС-КоВ-2 во човечка ќелија.

Коронавирусите се семејство на патогени микроорганизми кои вклучуваат смртоносен САРС и МЕРС, како и неколку други релативно безопасни сорти на вирус.
3/11 Вируси на САРС-КоВ-2 во човечка ќелија.

Коронавирусите се семејство на патогени микроорганизми кои вклучуваат смртоносен САРС и МЕРС, како и неколку други релативно безопасни сорти на вирус.
Микроскопски фотографии на новиот коронавирус што предизвикува пандемија. Погледнете детално како влегува во човечка клетка и како ја разградува.
САРС-КоВ-2

Коронавирусите се именувани така бидејќи имаат ореол или круна кога се гледаат под микроскоп. „Корона“ е латински збор за круна или ореол.
4/11 САРС-КоВ-2

Компјутерска анимација на новиот коронавирус, што ја предизвикува болеста КОВИД-19.

5/11 Компјутерска анимација на новиот коронавирус, што ја предизвикува болеста КОВИД-19.

Микроскопски фотографии на новиот коронавирус што предизвикува пандемија. Погледнете детално како влегува во човечка клетка и како ја разградува.
Електронска микроскопска слика на кластер на вируси на САРС-КоВ-2

Коронавирусните вируси ги користат шилците на нивната површина како еден вид клуч што се врзува со рецепторите во некои човечки клетки - особено во белите дробови - кои му овозможуваат на вирусот да влезе во ќелијата.
6/11 Електронска микроскопска слика на кластер на вируси на САРС-КоВ-2

Коронавирусните вируси ги користат шилците на нивната површина како еден вид клуч што се врзува со рецепторите во некои човечки клетки - особено во белите дробови - кои му овозможуваат на вирусот да влезе во ќелијата.
Микроскопски фотографии на новиот коронавирус што предизвикува пандемија. Погледнете детално како влегува во човечка клетка и како ја разградува.
Откако ќе влезе во ќелијата, вирусот ослободува генетски материјал кој ефикасно ја залажува клетката домаќин да го реплицира вирусот илјадници пати. Рој на нови вируси на крајот влегува низ клеточниот ѕид и заразува други клетки. Тој момент е прикажан овде во ќелија од американски пациент кој има КОВИД-19.
7/11 Откако ќе влезе во ќелијата, вирусот ослободува генетски материјал кој ефикасно ја залажува клетката домаќин да го реплицира вирусот илјадници пати. Рој на нови вируси на крајот влегува низ клеточниот ѕид и заразува други клетки. Тој момент е прикажан овде во ќелија од американски пациент кој има КОВИД-19.
Микроскопски фотографии на новиот коронавирус што предизвикува пандемија. Погледнете детално како влегува во човечка клетка и како ја разградува.
Секој коронавирус е со дијаметар околу 120 нанометри, што значи дека околу 750 од нив би можеле да се вклопат во ширина на едно влакно од коса.
8/11 Секој коронавирус е со дијаметар околу 120 нанометри, што значи дека околу 750 од нив би можеле да се вклопат во ширина на едно влакно од коса.
Микроскопски фотографии на новиот коронавирус што предизвикува пандемија. Погледнете детално како влегува во човечка клетка и како ја разградува.
Детал на човечка ќелија тешко заразена од САРС-КоВ-2

Откако ќе биде избркан од телото на пациентот, се верува дека вирусот преживува до неколку дена на некои површини.

9/11 Детал на човечка ќелија тешко заразена од САРС-КоВ-2

Откако ќе биде избркан од телото на пациентот, се верува дека вирусот преживува до неколку дена на некои површини.

Микроскопски фотографии на новиот коронавирус што предизвикува пандемија. Погледнете детално како влегува во човечка клетка и како ја разградува.
Вирусите САРС-КоВ-2 излегуваат од човечка клетка откако ќе се реплицираат.

И покрај нивната очигледна долговечност, тие можат да бидат уништени со топла вода и , сапун кои ја разградуваат нивната мембрана.
10/11 Вирусите САРС-КоВ-2 излегуваат од човечка клетка откако ќе се реплицираат.

И покрај нивната очигледна долговечност, тие можат да бидат уништени со топла вода и , сапун кои ја разградуваат нивната мембрана.
Микроскопски фотографии на новиот коронавирус што предизвикува пандемија. Погледнете детално како влегува во човечка клетка и како ја разградува.
Вируси САРС-КоВ-2 во човечка ќелија

Медицинските експерти советуваат редовно миење на рацете и недопирање на лицето како две од најважните работи што може да ги направи човекот за да го намали ризикот од заразување на вирусот.
11/11 Вируси САРС-КоВ-2 во човечка ќелија

Медицинските експерти советуваат редовно миење на рацете и недопирање на лицето како две од најважните работи што може да ги направи човекот за да го намали ризикот од заразување на вирусот.
Микроскопски фотографии на новиот коронавирус што предизвикува пандемија. Погледнете детално како влегува во човечка клетка и како ја разградува.
Previous slide
Next slide

Физичко дистанцирање (што е различно од социјално дистранцирање)

Вака се нарекуваат мерките за ограничување на личниот контакт помеѓу луѓето надвор од нивните домови со цел да се спречи ширењето на болеста, дури и помеѓу луѓе кои немаат или не покажуваат никакви симптоми. Светската здравствена организација препорачува луѓето да држат растојание меѓу себе од најмалку два метри. СЗО почна да го користи терминот „физичко дистанцирање“ кој е многу посоодветен и не подразбира дека луѓето треба да се разделат.

Самоизолација

Малку посериозна форма на физичко дистанцирање кое најчесто се препорачува на луѓе кои припаѓаат на високо ризични групи кои се поранливи на заболувањето. За нив се препорачува да се самоизолираат. Самоизлолацијата исто така се препорачува и на луѓе кои треба се изолираат од остатокот од популацијата поради опасност од тоа дека биле во контакт со луѓе кои биле дијагностицирани позитивно на КОВИД-19. Тие мора да поминат 14 дена во самоизлолација со цел да се осигурат дека не се заразени.

Како во домашна самоизолација

Затворање (седење дома)

Овој термин најчесто се употребува како задолжителна мерка која ја носат властите за жителите на одреден град или регион. Тој означува дека луѓето треба да останат во своите домови со цел да се спречи инфицирање или ширење на инфекцијата. Многу земји ваквата мерка ја спроведуваат на целата своја територија, а на социјалните мрежи многумина пишуваат под хаштагот #седидома.

Коронавирус, Грција
Коронавирус, Грција

Карантин

Ова е најтешката форма на изолација која ја наметнуваат властите за време на епидемијата со Коронавирусот. Таа состојба најчесто означува строги мерки за одделување на заразените пациенти од остатокот од популацијата. Исто така овој термин може да се однесува и на превентивното одделување на луѓе кои се од висок ризик за добивање на заболувањето.

Заштитна опрема

Лична заштитна опрема е опремата која ја користат медицинските сестри и докторите со цел да се заштитат од заболување. Таа вклучува хируршка маска или маска за дишење познати како FFP3 маски, визири, штитници за лице, ракавици и престилки.

Медицински персонал со заштитна опрема, Индија
Медицински персонал со заштитна опрема, Индија

Респиратор (маска)

Респираторот е уред за лична заштита кој се носи на лицето или на главата и ги покрива најмалку носот и устата. Ваквите маски се користат најмногу во болнички услови со цел да се намали ризикот од вдишување на заразни бактерии. Надвор, тие исто така можат да се користат и како заштита од друг вид на опасни честички во воздухот или гасови.

Вентилатор (машина за вентилација)

Оваа машина се употребува во болниците со цел да испумпува воздух, најчесто помешан со дополнителен кислород, во белите дробови на пациент кој не може да дише сам без поддршка поради тешка инфекција која предизвикува откажување на работата на белите дробови. Оваа машина пренесува воздух преку маска за пациенти кои имаат полесни симптоми на заболување. Додека кај пациентите со потешка инфекција на белите дробови обезбедувањето на воздух се врши преку цевка која се става директно во дишните патишта на пациентот. Дишењето со помош на апарат помага да му се даде на пациентот време потребно за неговиот или нејзиниот имунолошки систем да го уништи вирусот.

Брис тест

Овој тест се прави преку земање на примерок за тестирање од носот или од грлото на пациентот со цел да се утврди дали тој е заболен. Бидејќи анализата на тестовите се прави со специјална опрема и преку специјална технологија, резултатите од тестот се добиваат по неколку часа, или во случаи која лабораториите не се доволно опремени и по неколку денови. Многу земји и многу компании се обидуваат да развијат тестови кои ќе даваат резултати за новиот Коронавирус побрзо па дури и за тестирање во домашни услови. Многу тестови за брзо дијагностицирање кои беа испратени од Кина во многу европски земји, вклучувајќи ја и Чешка, се покажаа како делумни во можноста да откријат позитивни случаи.

This item is part of
XS
SM
MD
LG