Достапни линкови

Коронавирусот и што претставува близок контакт со заразено лице?


Коронавирус, болница во Италија

Италијанското Министерство за здравство со насоки до граѓаните како да се заштитат од добивање на зараза со Коронавирусот преку објаснување на начините на кои тој се пренесува. Од таму наведуваат дека и понатаму се вршат научни истражувања за подобро разбирање на вирусот и неговата преносливост.

1. Како новиот Коронавирус се пренесува од лице на лице?

Новиот Коронавирус е вирус на респираторниот систем кој главно се шири преку близок контакт со заболено лице. Главниот начин на пренесување е:

  • преку плунка, кашлање или кивање од страна на заболено лице;
  • директен личен контакт со заболено лице;
  • доколку си ја допирате устата, носот или очите со контаминирани (сè уште не измени) раце откако сте биле во контакт со болно лице или сте фатиле површина која била контаминирана од страна на инфицирано лице.

Во ретки случаи, инфекцијата може да се случи и преку фекална контаминација.

Затоа е многу важно болните лица да преземат повисоки хигиенски мерки како на пример да кашлаат или киваат во марамче или да ја свиткаат својата рака и да кашлаат во лактот.

2. Што е дефиниција за близок контакт со инфицирано лице?

Колку време преживува коронавирусот на површини?
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:42 0:00

Европскиот центар за превентивни болести и контрола блискиот контакт го дефинира како:

  • да сте лице в лице со заразено лице на растојание помало од 2 метри подолго од 15 минути;
  • да сте во затворена просторија (на пример, во соба за состаноци) со инфицирано лице на растојание помало од 2 метри најмалку 15 минути;
  • да живеете во ист дом со заразено лице;
  • директен физички контакт со инфицирано лице (на пример, преку ракување)
  • директен контакт со секрет од заразено лице (на пример, да допрете употребена хартија со голи раце).​

3. Колку долго може Коронавирусот да преживее на површини?

Прелиминарните информации велат дека вирусот може да преживее неколку часа.

Употребата на основни средства за дезинфекција може да го убие вирусот или да ја намали неговата можност за инфицирање на луѓе, такви средства за дезинфекција се на пример оние кои имаат 75% алкохол (етанол) или белило чија основа е хлор 0,5%.

Мора да запамтите дека секогаш мора да ги дезинфицирате предметите кои често ги употребувате (како мобилниот телефон) со ткаенина со производ кој е базиран на алкохол или белило, доколку не е поинаку наведено од страна на произведувачот.

4. Може ли заразена личност која нема никакви симптоми да го пренесе Коронавирусот на друго лице?

Според Светската здравствена организација, пренесување на вирусот се случува преку близок контакт со луѓе со симптоми. Но сепак, според досегашните сознанија во ретки случаи лица кои се во рана фаза на болеста, и немаат или имаат многу лесни симптоми, можат исто така да го пренесат вирусот.

5. Кога може лице кое било заразено да се смета за излечено?

Лице кое било болно се прогласува за излечено кога тој или таа ќе биде негативен на два последователни тестови кои се карактеристични за новиот Коронавирус и кои се вршат на 24 часа еден по друг.

6. Може ли инфекцијата од новиот Коронавирус да се пренесува преку храна?

Вообичаено, респираторните болести не се пренесуваат преку храна. Но сепак, храната треба секогаш да се третира според најдобрите хигиенски практики. Научни истражувања за подобро разбирање на вирусот и неговата преносливост и понатаму се изведуваат.

7. Дали е неопходно улиците да се чистат со средство за дезинфекција?

Не постои доказ дека вирусот може да се пренесува преку улиците или патиштата или дека нивното чистење со средство за дезинфекција е неопходно. Обично чистењето на улиците со нормален сапун/детергент е препорачливо.

XS
SM
MD
LG