Клубот „Цар Борис Трети“ во Охрид, отворен со протест
![Во Охрид беше отворен вториот бугарски клуб во земјава кој го носи името „Цар Борис Трети“, под силно полициско обезбедување](https://gdb.rferl.org/04020000-0aff-0242-1cc6-08daa84cad50_w1024_q10_s.jpg)
1
Во Охрид беше отворен вториот бугарски клуб во земјава кој го носи името „Цар Борис Трети“, под силно полициско обезбедување
![Здружението на граѓани „Цар Борис Трети“ е формирано лани во ноември, а на 7 октомври отвори свој клуб, сместен на првиот кат во трговскиот центар Амам во Охрид.](https://gdb.rferl.org/04020000-0aff-0242-c3de-08daa84cad47_w1024_q10_s.jpg)
2
Здружението на граѓани „Цар Борис Трети“ е формирано лани во ноември, а на 7 октомври отвори свој клуб, сместен на првиот кат во трговскиот центар Амам во Охрид.
![Освен полиците со бугарски книги, во просторот од 25 квадрати има и навивачки шал и дрес, фотографии од дејците на ВМРО, икони од Свети Климент и Наум, за кои има препораки од историската комисија за заедничко чествување.](https://gdb.rferl.org/04230000-0aff-0242-07f2-08daa84cd9ec_w1024_q10_s.jpg)
3
Освен полиците со бугарски книги, во просторот од 25 квадрати има и навивачки шал и дрес, фотографии од дејците на ВМРО, икони од Свети Климент и Наум, за кои има препораки од историската комисија за заедничко чествување.
![Клубот го носи името на бугарскиот цар за време на Втората светска војна, кога Бугарија е дел од оската со Нацистичка Германија и Фашистичка Италија.](https://gdb.rferl.org/04210000-0aff-0242-e4c1-08daa84cd9ec_w1024_q10_s.jpg)
4
Клубот го носи името на бугарскиот цар за време на Втората светска војна, кога Бугарија е дел од оската со Нацистичка Германија и Фашистичка Италија.