Достапни линкови

Извршител наплатил два милиони евра од Министерството за здравство


Поплавените домови на жителите на Стајковци, август 2016 година

Неисплатената дезинфекција на поплавено Стајковци пред шест години сега го чини Министерството за здравство два милиони евра. Освен овие пари, од почетокот на минатата година Министерството платило околу 150 илјади евра на извршители за 20 спорови. Министерството за здравство го тужат вработени во болници, компании и граѓани за лекарски грешки. Тоа треба да плаќа пенали и за раскинување на договорот за изградба на Клиничкиот центар „Мајка Тереза

Во услови на голема економска криза за два милиони евра е полесна касата на Министерството за здравство. Во септември годинава Министерството толку пари дало за извршител поради тоа што на Центарот за јавно здравје Скопје не му платиле навреме за извршената дезинфекција на скопското село Стајковци по поплавата во 2016 та година.

Ова е одговорот на Министерството за здравство во одговор за Радио Слободна Европа.

Центарот за јавно здравје Скопје имено, извршил дезинфекција и дератизација на поплавените подрачја две недели по поплавата, што се случија на 6 август 2016 година. Но, за тоа не ги добиле договорените пари на време од Министерството за здравство. Затоа долгот си го наплатиле преку суд, со извршител.

Поплавените сè уште чекаат авансна помош

Од Центарот за јавно здравје велат дека постапиле професионално за да го заштитат здравјето на луѓето во поплавениот регион и тоа го направиле според цените што им се дадени за тие услуги.

„На тој начин е заштитено јавно здравје од букнување на епидемија од заразни болести поради излевање на таквата вода и поради загадување на почвата и на водата, така што мислам дека со ова за прв пат се признава вистинската улога на превентивната медицина“, вели доктор Валентина Симоновска од Центарот за јавно здравје.

Вина лежи во надлежните институции и во судот што постапката траела со години и што резултирала со тоа Министерството да мора да плати преку извршител.

Стајковци - живот по поплавите
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:18 0:00

Долгот од два милиони евра е најголем долг што Министерството за здравство го платил на извршител во изминатите две години, но не е единствен.

Според податоците од владината дата база на податоци „Отворени Финансии“ само до почетокот на минатата година од Министерството за здравство преку извршители се наплатени околу 20 долгови со вкупна вредност 150 илјади евра.

Извршителот Крум Коцарев, кој што го наплатил долгот е на 4 место на листата на Отворени Финансии на најголеми приматели на државни пари за септември.

Пред него на листата најголеми приматели на државни пари се Македонски железници -инфраструктура за плати, компанијата Енерџи деливери солутион за продажба на електрична енергија и компанијата „Кокра е арт“ од која Агенцијата за стокови резерви набавила пченица во вредност од 2,5 милиони евра.

Министерството за здравство го тужат и вработени и компании и граѓани

Во регистарот на пресуди на судскиот портал, Апелација постапувала по 229 пресуди против Министерството за здравство во изминативе две години. Долговите за кои веќе има пресуди се однесуваат од работни спорови од неколку илјади евра до неплатени обврски кон компании и кон граѓани за штета поради лекарска негрижа.

На пример еден од предметите стар седум години од Апелација е вратен на повторно судење. Станува збор за граѓански спор во кој се бара исплата на долг вреден 880 илјади евра.

Во ек на економска криза треба да се плаќаат и пенали за неизградениот Клинички Центар

Дополнително Министерството за здравство годинава е на „мака“ тешка 8,5 милиони евра. Станува збор за пенали кои Министерството треба да ги плати кон италијанската компанија „Инсо Системи“ поради раскинување на договорот за изградба на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Министерството се уште се консултира со правници како да го исплати долгот, но не соопштува многу детали. Арбитражниот суд е една од опциите да не се даваат толку пари во време на економска криза, велат од таму.

Договорот за изградба на нов Клинички центар во Скопје во 2017 година го потпиша Никола Тодоров како технички министер. Тогаш беше најавено дека новиот објект ќе биде изграден за 5 години и ќе чини 72 милиони евра.

Скопскиот и штипскиот Клинички центар, инаку, требаше да се градат со кредит од Банката при Советот на Европа, чија висина првично беше 97 милиони евра.
Овој договор го раскина поранешниот министер Венко Филипче, а сега Министерството на чело со Беким Сали треба да ги плати пеналите на италијанската фирма.

Сали - За прегледи се чека оти нема специјалисти
please wait

No media source currently available

0:00 0:13:37 0:00

Откако власта се премисли за локацијата, комплексот „Мајка Тереза“ се избриша од Законот за задолжување. Сегашниот министер за здравство пред неколку месеци изјави дека не се откажува од проектот за нов Клинички центар во Скопје, но работна група ќе одлучува меѓу три можни локации.

Инаку, идејата за изградба на нов клинички центар постои од 2009 година и до сега не е преземено ништо во оваа насока, освен што неколку пати се одредени различни локации за изградба на истиот.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG