Достапни линкови

5Г мрежата - За што служи и има ли причина за грижа?


Илустрација.5Г

Македонија годинава стана дел од 5Г технологиите со потпишување на договор со САД . Мрежата засега не е достапна, но операторите се подготвуваат и се направија тестирања. Новата технологија наметна кај граѓаните дилеми за здравјето и приватноста. Стручњаците сметаат дека тие се неосновани.

На социјалните мрежи во последно време има поплава од коментари и написи за штетноста на 5Г мрежата, но најголем дел од овие информации доаѓаат по правило од недоволно проверени извори. Се појавија тврдења дека петата генерација на безжични телекомуникациски врски лошо делува на живите организми, а некои одат толку далеку што имплицираат дека од зрачењето на оваа мрежа угинуваат птиците.

РСЕ се обиде да ги слушне размислувањата на случајните минувачи во центарот на Скоpје. Што мислат за имплементација на 5Г мрежа кај нас?

„5Г мрежата? Искрено не сум доволно информиран за да ви кажам некое мое објективно мислење, имам само слушнато дека е штетна, дека е некој светски заговор и такви работи, но сепак мислам дека како технологија би помогнала. Не верувам во тие светски заговори дека е штетна по здравје”, ни изјави Наум Маневски од Скопје

„Не знам, немам некое размислување не знам што да ви кажаам. Велат дека е штетна, дека не е корисно за нас, за птиците, така се зборува. Не се замарам со тие работи”, вели Андреј Мирчевски.

„Тоа треба да оди напред општеството и што да мислам, тоа е веројатно систем кој треба да дојде, има приказни дека има некои несакани последици, но тоа не знам уште е „рекла- казала“како за короната има -нема, и така и за 5Г технологијата. Не знам што да кажам?”, ни изјави граѓанин кој не ни го кажа своето име.

Како да се уверат граѓаните за безопасноста на 5Г мрежата?
please wait

No media source currently available

0:00 0:09:11 0:00

Стручњаците ги отфрлаат стравувањата за штетност на 5Г

Дилемите околу влијанието на 5Г мрежата врз здравјето и околината кои се прусутни во дел од јавноста меѓутоа, според стручњаците, немаат основа, а некои од нив укажуваат дека во јавноста е потребна поголема стручна диксусија за 5Г мрежата .

Со терминот 5Г се означува 5- та генерација на мобилни телекомуникациски врски со соодветна инфраструктура и уреди, a главна карактеристика им е брзината на пренос на податоци, и можноста за поголемо поврзување на уреди.

Технологијата која има од 10 до 1000 пати поголема брзина од досегашната 4Г мрежа ќе може да се користи и за професионални и за аматерски цели.

Филип Симеонов експерт за сајбер безбедност, вели дека изградба на национален систем за безжична поврзаност е неизбежност, а во технолошка стмисла тоа треба да обезбеди значително подигнување на квалитетот на корисничкото искуство, не само поради зголемената брзина, туку и поради можноста за пренос на големи податоци, проширување на палетата на продажни услуги како и подобрување на севкупниот квалитет на живот.

„Ова го зборувам пред сè од причина дека, и стручната јавност го говори тоа, работата од дома сè повеќе станува извесна и се повеќе зачестува, а брзиот начин на живеење и работење ќе побарува поголем пренос на податоци и информации низ технологијата и ќе биде од круцијално значење за обезбедување на сигурна и безбедна врска меѓу самите коминтенти, компании и држави и слично”, вели Симеонов.

Се планира брзиот пренос на податоци меѓу различните видови уреди да има примена во автомобилската индустрија, јавната безбедност, здравството, финансиите, медиумите итн. Во образложението за потребата од оваа понапредна мрежа стручните лица го наведуваат доаѓањето на генерации на паметни возила и други паметни уреди за кои за да се овозможи непречено функцинирање мора да се користат сигнали од 5Г мрежа.

Симеонов вели дека податокот од еден мегабајат кој 4Г мрежата го пренесува за помалку од една секунда, 5Г мрежата може да ги пренесе за помалку од 0, 001 секунда.

Но, и покрај големата моќ и брзина на пренос на информации, стручњаците ги отфрлаат тврдењата дека 5Г мрежата носи ризици по здравјето или околината. Симеонов, вели дека на ум треба да се има оти фреквенциите кои ги користи 5Г мрежата во основа воопшто не се разликува од фреквенцијата која ја користи 4Г мрежата.

„Според сите аналитичари, научна и стручна јавност 5Г мрежата и покрај моќта која ја поседува и брзината што ќе треба да ја овозможи за корисниците, сепак, се зборува дека е безбедна за користење пред сè за човековото здравје. Од причина, како што тврдат, дека работи на фреквентен опсег од околу 26 гига херци и има нејонизирачко зрачење, што значи дека не е штетна по човековото здравје, односно не може да предизвика некаков вид на канцер и слично, зашто е нејонзирачки сигнал и работи на слаба фреквенција”, вели Симеонов.

Сепак има и научниците ширум светот кои веќе подолго време предупредуваат на опасности од електромагненото зрачење на мобилните телефони и бараат прецизно да се утврди каков ризик по здравјето носи оваа технологија

Бардил Јашари, директор на Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис вели дека дебатите околу влијанието на 5Г мрежата врз околината се позитивна појава. Тој смета дека грижата што се појавува во јавноста доаѓа од зголемената свесност и образуваност на луѓето денес, а тоа, според него, може да доведе само до подигнување на стандардите за прозводство на поквалитетна технологија

„Кога повеќе знаеме и свеста е поголема и бараме и поголема безбедност. Тоа барање за тестирања и поголема безбедност значи повеќе тестирање и тоа на крајот само позитивно ќе влијае да се подобрат стандардите за производството на 5Г уредите и 5Г антените и тоа значи поквалитетна технологија и побезбедна за користење. Јас сум сигурен дека ако некогаш се докаже дека зрачењето на 5Г мрежата, но и на другите мрежи е штетно, ова само ќе доведе до затегнување на протоколи, правила и стандаради и подобрување на опремата за да ги направи побезбедни за употреба”, вели тој.

Јашари меѓутоа смета дека нема причина за грижа дека 5Г мрежата е опасна за здравјето и околината . Тој мисли дека постојат многу дезинформации како и за сите нови работи, особено кога се работи за технологија, а поголем дел од коментарите на социјалните мрежи околу влијанието на 5Г мрежата тој ги гледа во тој контекст.

„Постои и одреден отпор и страв. Тоа е разбирливо. Но досега никој не откажал 5Г мрежа. Градови како Женева и Брисел побараа подетални истражувања за влијанието на 5Г врз животната средина и здравјето, но се друго се дезинформации и злоупотребување на непознавањето на технологијата”, вели Јашари.

5Г мрежата носи ризик за приватноста?

Јашари меѓутоа укажува дека оваа нова технологија покрај огромните можности кои ги нуди, со себе носи ризици, но за приватноста на луѓето, со оглед дека 5Г технологијата нуди и неверојатно брзо поврзување на повеќе уреди истовремено.

„И мислам дека предизвиците поврзани со 5Г технологијата не се здравствени, односно ниту за животната средина, многу повеќе предизвици ќе имаме поврзани со приватноста и заштитата на нашите лични податоци Ако сите наши уреди дома се поврзат да речеме фрижидерот, телевизорот...(што сега ни е незамисливо), тоа значи дека многу повеќе податоци ќе може да се разменат и многу провајдери на 5 Г технологијата ќе имаат пристап до нашите податоци“, вели Јашари.

Од таму тој дополнува дека ако Македонија влезе во имплементација на 5 Г мрежата без соодветна регулатива, тогаш тоа може да значи дека некој може да ги злоупотреби податоците кои граѓаните ќе ги стават на располагање преку своите 5Г уреди.

Проблем кој се јавува е и тоа што мрежата е поризична за комјутерски напади, а како што е позато САД ги предупредијата државите и телекомуникациските оператори дека инсталирањето на мрежата од кинеската комапнија Хуавеи носи и безбедносни ризици.

Операторите се тие кои треба да одберат кои компании ќе ја инсталираат опремата за 5Г технологија.

Премиерот Зоран Заев и потсекретарот за економски раст, енергија и животна средина во Владата на САД, Кеит Крач потпишаа меморандум за разбирање за безбедност на 5Г технологии
Премиерот Зоран Заев и потсекретарот за економски раст, енергија и животна средина во Владата на САД, Кеит Крач потпишаа меморандум за разбирање за безбедност на 5Г технологии

Македонија во октомври стана дела од „Чистата мрежа“

Македонија стана дел од 5Г мрежата на 23 октомври кога премиерот Зоран Заев и американскиот потсекретарот за економски раст, енергија и животна средина Кеит Крач во Скопје потпишаа меморандум за разбирање за безбедност на 5Г технологии.

Со ова Македонија се приклучи на 27-те од 30 земји членки на НАТО како дел од „Чистата мрежа“,

Американскиот потсекретар Крач изјави дека безбедните мрежи се од витално значење за економскиот просперитет и за стабилност во регионот.

Програмата „Чиста мрежа“, според американскиот Стејт департмент е сеопфатен пристап на американската администрација за заштита на имотот на нацијата, вклучувајќи ја тука приватноста на граѓаните, како и најчувствителните информации на компаниите од упади на злонамерни актери, како што е, како што се истакнува, Кинеската комунистичка партија“.

Заев по потпишувањето на договорот рече дека овој меморандум е од витално значење за просперитетот на нашата земја, за економскиот просперитет, како и за националната безбедност.

.Тој наведе дека „5Г ќе овозможи огромна низа нови апликации, вклучително и обезбедување клучни услуги за јавноста што ќе им и користа на граѓаните и на економијата“.

Премиерот рече дека со зголемената количина на информации преку 5Г мрежата македонската економија ќе се поврзе со останатите во светот и ќе се олеснат прекуграничната трговија и услуги.

„5Г мрежата ќе предизвика многу попозитивни ефекти отколку појавата на електричната енергија и ќе биде инструмент за трансформација, односно за дигитализација на традиционалните индустрии“, рече Заев.

Во меѓувреме се прават подготовки за воведување на 5 Г технологиајта.

Телеком лани ја постави првата тестна мрежа во центарот на Скопје за тестирање на оваа нова технологија, како чекор кон воведување на 5 Г мрежа која според најавите треба да овозможи технолошки напредок за општеството и многу нови функционалнсоти за корисниците. Со тестирање на новата технологија беше измерена над 10 пати поголема брзина во споредба со 4 Г.

Јашари вели дека во Македонија за функцинирање на 5Г технологијата се потребни инвестиции и нова инфраструктура.

„АЕК правеше тестирање на опремата која ќе ја користат Телеком и А1, но се уште не е инсталирана, се уште во Македонија зрачат старите антени кои зрачат за 4Г мобилна комуникација. Развојот на 5Г технологијата и инфраструктурата зависат од телекомуникациските опаратори и АЕК како и Владата и бара да се инсталираат многу антени за да се покрие цела територија. Тоа не се големите антени кои се ставаат на зграда и по планините, туку многу помали уреди кои ќе зрачат на 5Г фреквенции за да можат 5Г уредите да бидат поврзани. Тоа значи дека е потребна голема инвестиција, а потоа АЕК и владата треба да донесат законска регулатива за да се почне со имплементација на 5Г технологијата кај нас", вели Јашари.

Според плановите на државата до 2023 година со 5Г сигнал треба да биде покриен еден од големите градови како Скопје, Битола, Тетово, Куманово или Припеп.

Како да се уверат граѓаните во бесопасноста на 5Г

Во изминатиов период француската влада почна да дели договори за распоредување на 5Г мрежата. Во меѓувреме, владата мака мачи да ги увери Французите „во врска со безопасноста од изложување на овие бранови“. Тука не станува збор само за онаа по здравјето на луѓето, туку и за онаа од евентуална изложеност на нивната приватност.

Гоце Атанасов

Француските мобилни оператори и платија на државата скоро 2,8 милијарди евра за првиот блок 5Г фреквенции на аукцијата одржана пред неколку недели, а најголемиот удел го доби поранешниот државен монопол „Оранж“. Пуштени беа на продажба 11 неискористени „блокови“ на фреквенции, со цел ултрабрзата технологија да биде достапна во некои француски градови до крајот на оваа година и покрај страхувањата кај дел од населението потикнати од разните заговори за оваа мрежа, од тоа дека со неа луѓето ќе бидат повеќе контролирани до наводите дека 5Г го шири коронавирусот. Затоа владата планира посебна кампања. Државниот секретар за дигитална технологија Седрик О вели:

„Ако некои луѓе сакаат да ја регулираат нашата искористеност според инфраструктурите, тогаш мора да претпоставиме и да кажеме дека тие исто така се против распоредување и на оптички влакна и 4Г.

Четирите оператори веќе платија по 350 милиони евра за спектар од 50 мегахерци на расположивите опсези на фреквенции и можеа да наддаваат за поголеми делови што ќе ги подобрат перформансите и покриеноста на мрежата. Најавена е и нова аукција за „позиционирање“, бидејќи слотовите поблиску до центарот на фреквентниот опсег се помалку подложни на пречки од други уреди.

„Сепак, и покрај фактот дека Франција е европска земја што спроведува толку многу тестови, ние сакаме да ги увериме Французите за нивната изложеност на брановите. Затоа, во следните недели ќе презентирам план за контрола посветен на 5Г, да се осигура дека сите Французи, преку нивните избрани претставници или преку нивните здруженија, можат да побараат контрола за да се потврди дека нивната изложеност на брановите не се зголемува значително. “

Петтата генерација наследник на технологијата 4Г ветува радикално побрз пренос на податоци, најавувајќи големи промени во низа производи и услуги од самоуправувани автомобили до операции од далеку.

„Ова беше успешна аукција и мора да ја пофалиме многу силната посветеност на операторите за значително инвестирање во Франција“, рече претседателот на Арсеп, Себастијан Сориано, на прес-конференцијата што се одржа во француското седиште на Ериксон.

Шведскиот производител на опрема за мобилна мрежа. „Ериксон“ и финската „Нокиа“ треба да имаат корист од големите трошоци за промовирање на мрежата 5Г, откако Франција воведе големи ограничувања за користење опрема од кинескиот гигант „Хуавеи“.

Неколку влади, особено САД, се сомневаат дека компанијата може да и помогне на Кина во прислушувањето на западните мрежи. 5Г, или мобилната мрежа од петта генерација, претставува технолошка револуција и ќе има значително влијание врз нашиот животен стил, придвижувајќи нè во нова ера.

Додека 4Г се заснова на употреба на подолги воздушни бранови, 5Г користи милиметарски бранови, супер-високи фреквенции кои се способни дури за дваесет пати да ја звголемат брзината. Резултат: нема повеќе прекини додека гледате видео, бидејќи преземањето на датотека од еден гигабајт ќе трае само неколку секунди за разлика од неколку минути со 4Г. Големото ветување за 5Г е виртуелно исчезнување на латентноста или доцнењето помеѓу испраќањето и примањето на информации. Ова ќе го овозможи развој на таканречено електронско лекување, паметни градови во многу сфери - собирање на отпад на пример; зголемената употреба на автономни и поврзани возила и дигитализацијата на фабриките. 5Г ќе резултира со експлозија во генерирање на податоци, и затоа прашањата за безбедноста ќе бидат на високо место на агендата, особено што архитектурата на мрежата 5Г е потешко да се заштити од нејзиниот претходник.

Милиметарските бранови се кратки и тие имаат ограничен опсег и продирање. Мрежата ќе бара многу предаватели кои ќе бидат насочени кон секој корисник благодарение на специјалните ќелии кои можат да го следат секој негов потег. За да искусите 5Г, ќе бидат потребни рутери или паметен телефон компатибилен со 5Г.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG