Достапни линкови

Корона на „опасна патека и геноцидни 5Г“ - вие коментирате


Илустрација
Илустрација

„Значи, се е исто ко и лани“ - се наведува во еден коментар на коментарите за ширењето на короната и 5 Г мрежата.

Предупредувањето на директорот на СЗО, Тедрос Гебреизус во врска со енормното зголемување на новозаразени и починати од Ковид-19, дека „следните неколку месеци ќе бидат многу тешки и некои земји се на опасна патека“, во реакциите со коментари и постови на нашата ФБ страница се изразуваат со непримерен јазик и лични навреди. Поради новинарски правила на РСЕ затоа и не ги цитираме таквите написи. Ќе спомнеме само некои од реакциите.

По информацијата дека „во Хрватска втор ден по ред има над 2 илјади заразени“, добивме коментар од Фани Мустапиќ, напишан на хрватски јазик и најверојатно од Хрватска, која пишува: „Очекувам утре наслов во Сплит заразени 30 000 луѓе, во остатокот од Хрватска уште 100 000“ па ставен Смешко. „Медицински персонал ни недостига одамна“, продолжува Фани Мустапиќ, „уште короната не ни знаеше дека воопшто постои“, пак Смешко, и потоа завршува: „Значи, сѐ е исто како и лани“.

Високите бројки на новозаразени во земјава посетителите на нашата ФБ страница воопшто не ги коментираат, но затоа главна тема во постовите е поранешниот пратеник и претседател на Сјузот на Ромите, Амди Бајрам, кој имал прилично нарушено здравје и кој почина набргу по враќањето од Истанбул, каде што приреди свадба со 200 гости од Македонија за својата внука и за кого посмртното тестирање покажало дека бил позитивен на Ковид-19.

Најактивна во постовите е Илинденка Милевска, која со навредливиот и омаловажувачкиот речник предизвикала реакција од Аднан Левиц, кој ѝ препорачува да ги избрише своите коментари и вели: „...Да не се навредуваме оти треба да живееме не со омраза, сѐ додека има такви како вас нема да ја биде државава“. Стефчо Митев со слична реакција: „Нека почива во мир, без школо цел живот е во Парламентот, значи итар човек, стално беше во позиција, и свадби за децата направи и на сите гости авионски карти платени, свака му част, заслужува убав погреб и лесна му земја...“ И Благица Костовска со реакција што треба да ги замисли оние што на нашата ФБ страница измешале политика и национална омраза: „Нека почива во мир. Луѓе, ги читам коментарите и просто не можам да се начудам“.

Неделното интервју на РСЕ е со претседателот на Собранието, Талат Џафери, но со коментари кои заради личните навреди и непримерниот јазик не ги објавуваме.

Џафери - Мора да имаме резервен план за работа во вонредни околности
please wait

No media source currently available

0:00 0:13:35 0:00

Граѓаните продолжуваат да веруваат дека 5Џи мрежата била опасна за околината и за живиот свет, па по информацијата дека „И Македонија станува дел од ʼЧиста 5 Џи мрежаʻ“ има голем број негативни реакции, очигледно предизвикани од лажните вести и од непознавање. Објавуваме само некои од нив. Блаже Павловиќ напишал: „Затоа ли го раскопавте цело Скопје“;


Тоди Табанов: „Ајдее, лабораториски глувци“; Андреј Аврамов со иронија: „Се разбира, американската 5 Џи е здрава и се добива со лекарска рецепта. Од кинеската птиците паѓаат од небо. Какви будали има на светов“, и сѐ вакви слични. Јошевски Јосиф му одговара нему а и на другите: „Од ниедна 5 Џи мрежа не паднале птици и нема никаква разлика помеѓу нив. Читаш глупи ФБ постови и гледаш глупи Јутјуб видеа што се апсолутно неточни. Провери си ги изворите“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG