Достапни линкови

И Македонија станува дел од „Чиста 5Г мрежа“


Премиерот Зоран Заев и потсекретарот за економски раст, енергија и животна средина во Владата на САД Кит Крач, потпишаа меморандум за разбирање за безбедност на 5Г технологии. Освен Македонија и Косово денеска склучува договор со САД за 5Г мрежа.

Премиерот Зоран Заев и американскиот потсекретарот за економски раст, енергија и животна средина Кеит Крач попладнево во Скопје потпишаа меморандум за разбирање за безбедност на 5G технологии.

Заев по потпишувањето на договорот рече дека овој меморандум е од витално значење за просперитетот на нашата земја, за економскиот просперитет, како и за националната безбедност.

„5Г ќе овозможи огромна низа нови апликации, вклучително и обезбедување клучни услуги за јавноста што ќе им и користа на граѓаните и на економијата“, вели Заев.

Премиерот Зоран Заев и потсекретарот за економски раст, енергија и животна средина во Владата на САД Keith Krach потпишаа меморандум за разбирање за безбедност на 5G технологии
Премиерот Зоран Заев и потсекретарот за економски раст, енергија и животна средина во Владата на САД Keith Krach потпишаа меморандум за разбирање за безбедност на 5G технологии

Премиерот рече дека со зголемената количина на информации преку 5Г мрежата македонската економија ќе се поврзе со останатите во светот и ќе се олеснат прекуграничната трговија и услуги.

„5Г мрежата ќе предизвика многу попозитивни ефекти отколку појавата на електричната енергија и ќе биде инструмент за трансформација, односно за дигитализација на традиционалните индустрии“, вели Заев.

Тој додава две двете страни се застапуваат за учество на релевантни и доверливи добавувачи на 5Г пазарите, земајќи ги предвид проценките за ризик и промовираат рамки кои ефикасно ги штитат мрежите од неовластен пристап на трети страни.

Заев вели дека Македонија како кандидат за членка во ЕУ има обврска да си усогласи националните политики за развој на електронските технологии со политиките на Унијата, како и да ги усогласи со стратешкиот партнер и сојузник во НАТО – САД.

Американскиот потсекретар Крач изјави дека ова е доказ за силното пријателство меѓу двете земји. Тој вели дека безбедните мрежи се од витално значење за економскиот просперитет и за стабилност во регионот. Северна Македонија се приклучи на 27-те од 30 земји членки на НАТО како дел од „Чистата мрежа“, рече Крач.

Најавено е дека и премиерот на Косово, Авдулах Хоти, кој денеска е во официјална посета на Скопје, ќе го потпише договорот за воспоставување на „Чиста 5Г мрежа“, како што е предвидено со договорот потпишан на 4 септември во Белата куќа. Договорот за 5Г мрежата, Хоти го потпишува во амбасадата на Косово во Скопје со претставник на Стејт Департментот.

Програмата „Чиста мрежа“, според американскиот Стејт департмент е сеопфатен пристап на американската администрација за заштита на имотот на нацијата, вклучувајќи ја тука приватноста на граѓаните, како и најчувствителните информации на компаниите од упади на злонамерни актери, како што е, како што се истакнува, Кинеската комунистичка партија“.

Што претставува „Чиста мрежа“?

„Чиста мрежа“ се осврнува на долгорочната заканата за приватноста на податоците, човековите права и принципиелната соработка во светот слободен од авторитарни злонамерни чинители. „Чиста мрежа“ има основа во меѓународно прифатените стандарди за дигитална доверба. Таа претставува спроведување на повеќегодишна трајна стратегија на сите влади, изградена во коалиција со доверливи партнери и заснована на брзо менување на технологијата и економијата на глобалните пазари.

Многу земји избираат да дозволат само доверливи продавачи во нивните 5Г мрежи, како Велика Британија, Чешка, Полска, Шведска, Естонија, Романија, Данска и Летонија. Грција се одлучи за Ериксон, наместо за Хуавеи, за развој на нејзината 5Г инфраструктура. Некои од најголемите телекомуникациски компании во светот исто така стануваат „Чисти Телекоми“. Оранж во Франција, НТТ во Јапонија и О2 во Велика Британија одбиваат да работат со алатки на Кинеската комунистичка партија, како што е Хуавеи. Трите најголеми телекомуникациски компании во Канада одлучија да соработуваат со Ериксон, Нокиа и со Самсунг, зашто јавното мислење претежно беше против да му се дозволи на Хуавеи да ја гради канадската 5Г мрежа.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG