Масовни протести пропратени со насилство во повеќе земји, пожарот во катедралата Нотр Дам, комичарот кој стана претседател на Украина пред да биде вмешан во внатрешно-политички спор во САД, додека тинејџерка предизвика акција, но и контроверзии, поради нејзините предупредувања за климатските промени. Низ слики погледнете кои беа едни од најзначајните лица и настани во светот во 2019 година.
2019: Годината низ фотографии

1
Протест пред Собранието во Скопје против договорот за промена на името. Постигнатиот договор со Грција, кој стапи на сила еден месец подоцна, беше клучен елемент во амбицијата на земјава да стане членка на НАТО и Европската Унија. 9 јануари 2019 година.

2
Девојче од Анапра, населба на периферијата на Сиудад Хуарез во Мексико, се поздравува со лице на американската страна преку граничната ограда додека свештени лица од двете земји се молеа за мигрантите и луѓето од оваа област. Оградата е една од мерките за зацврстување на границата која администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп сака да ја развие со цел да изгради ѕид. 26 февруари 2019 година.

3
Полицаец испукува гумени куршуми за време на еден од протестите во Каракас против владата на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро. 23 јануари 2019 година.

4
Иранки прават селфи за време на прославата за одбележување 40 години од Исламската револуција во Техеран. 11 февруари 2019 година.