Достапни линкови

Еден поинаков Велигден

Лилјана Преспаховска
Лилјана Преспаховска

Поради ситуацијата со коронавирусот, годинава Велигден ќе се слави дома, во кругот на најтесното семејство. Дел од верниците велат дека нема да отидат во црква и ќе ги послушаат препораките на Владата. Разбираат дека во моментот е најважно да се сочува колективното здравје

Полните цркви во кои одекнува свечената велигденска литургија, опуштените и среќни лица раздвижени на пролетното сонце, семејства собрани на маса околу неделниот мрсен ручек годинава ќе бидат заменети со поинакви слики. Разбирливо, поради ситуацијата со коронавирусот и вонредната состојба во која живееме сите во овој период, верските храмови најверојатно ќе бидат испразнети. Своите молитви за добро здравје и радост по повод воскресението Христово, верниците ќе ги упатат од своите домови. Без одење по гости кај роднини и пријатели. Дома, сами со членовите на најтесното семејство.

За разлика од лани кога известувавме за голема сообраќајна раздвиженост на граничните премини кон соседна Грција во истиот период околу велигденските празници и на кои се чекаше и по половина час за излез од земјата, годинава ќе славиме еден малку поинаков Велигден.

Лилјана Преспаховска, 53 годишна скопјанка вели дека е тажна што годинава Велигден нема да го прослави според вообичаените процедури. Сепак, домот веќе го исчистила, јајца офарбала, а си купила и се што и треба за велигденскиот ручек. Годинава вели таа, тој ќе биде поскромен, бидејќи на трпезата ќе бидат само таа и сопругот.

„Адетите си остануваат. Дали сме двајца, тројца или повеќе, адетите ќе си ги направиме. Најтажно е кај семејствата кои имаат постари и болни неподвижни лица, а кои нема да можат да ги посетат. Ние вообичаено славевме со пријатели Велигден, годинава ќе бидеме сами, ама најважно е да останеме здрави и живи, па ќе има уште многу други Велигдени“, вели Преспаховска.

Исто како и Лилјана, нејзината сограѓанка Емилија вели дека годинава ќе ги почитува препораките на Владата за да не се оди во црква и да нема групни собири.

„Во име на зачувување на јавното здравје ќе ги испочитуваме препораките, ќе останеме дома и ништо страшно ќе го преживееме тоа. Што се однесува до традицијата, ќе ги испочитувам сите адети. Фарбање јајца, јагнешкото е веќе купено и истото ќе го подготвам за свечениот неделен ручек за воскресението христово“, вели Емилија.

Ова никој не го посакуваше, но тоа се наметнува поради кризата и поради потребата да го зачуваме здравјето, вели портпаролот на Македонската православна црква, митрополитот Дебарско-кичевски, Тимотеј.

„Сите оние кои имаат познавања од црква и вера нека се молат во своите домови како што умеат и знаат, па да се надеваме дека ќе помине ова и своите верски и духовни потреби ќе можат да ги задоволат во црквите или манастирите“, порачува отец Тимотеј.

Митрополитот повардарски г. Агатангел од Македонската православна црква (МПЦ-ОА) преку Фејсбук ги повика верниците Христовото воскреснување во сабота на полноќ да го одбележат со излегување и пеење песна на своите балкони. Владиката пред 20-ина дена ги повикуваше верниците да одат во црквите и да се причестуваат.

Црква, чаршија, политика...

МАКЕДОНИЈА - Митрополитот повардарски г. Агатангел од Македонската православна црква (МПЦ-ОА) преку Фејсбук ги повика верниците Христовото воскреснување во сабота на полноќ да го одбележат со излегување и пеење песна на своите балкони. Владиката пред 20-ина дена ги повикуваше верниците да одат во црквите и да се причестуваат. Владата одлучи за Велигден да има целосна забрана за движење поради коронавирус пандемијата.
1/9 МАКЕДОНИЈА - Митрополитот повардарски г. Агатангел од Македонската православна црква (МПЦ-ОА) преку Фејсбук ги повика верниците Христовото воскреснување во сабота на полноќ да го одбележат со излегување и пеење песна на своите балкони. Владиката пред 20-ина дена ги повикуваше верниците да одат во црквите и да се причестуваат. Владата одлучи за Велигден да има целосна забрана за движење поради коронавирус пандемијата.
МАКЕДОНИЈА - Во реставрацијата и санацијата на автентичниот лик на Старата чаршија се запазени сите процедури за заштита на автентичноста според програмата на Националниот Совет за ревитализација на чаршијата како културно наследство од особено значење, соопштија денеска од Владата, по реакциите на социјалните мрежи и во дел од медиумите за градежните зафати што се одвиваат во Старата чаршија во Скопје.
2/9 МАКЕДОНИЈА - Во реставрацијата и санацијата на автентичниот лик на Старата чаршија се запазени сите процедури за заштита на автентичноста според програмата на Националниот Совет за ревитализација на чаршијата како културно наследство од особено значење, соопштија денеска од Владата, по реакциите на социјалните мрежи и во дел од медиумите за градежните зафати што се одвиваат во Старата чаршија во Скопје.
МАКЕДОНИЈА - Министерството за здравство информираше дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа 4 пациенти на возраст над 60 години, од кои двајца пациенти од Лабуништа, еден пациент од Прилеп и еден од Куманово, а во болницата 8 Септември починаа 2 лица, пациент од Велес (67) и пациент од Куманово (59). Новозаразени во последните 24 часа имало 54, а излекувани 42 пациенти.
3/9 МАКЕДОНИЈА - Министерството за здравство информираше дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа 4 пациенти на возраст над 60 години, од кои двајца пациенти од Лабуништа, еден пациент од Прилеп и еден од Куманово, а во болницата 8 Септември починаа 2 лица, пациент од Велес (67) и пациент од Куманово (59). Новозаразени во последните 24 часа имало 54, а излекувани 42 пациенти.
МАКЕДОНИЈА - Синоќешниот настан во Ченто има политичка позадина и МВР е решено да постапува неселективно во однос на сите што поттикнуваат или не го почитуваат полицискиот час, изјави денеска на прес-конференција, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
4/9 МАКЕДОНИЈА - Синоќешниот настан во Ченто има политичка позадина и МВР е решено да постапува неселективно во однос на сите што поттикнуваат или не го почитуваат полицискиот час, изјави денеска на прес-конференција, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
БЕЛГИЈА - НАТО утре ќе одржи вонреден онлајн состанок на кој единствената точка на дневниот ред ќе биде пандемијата со Ковид-19, соопшти Генералниот секретар, Јенс Столтенберг, кој лично ќе ја води конференцијата.
5/9 БЕЛГИЈА - НАТО утре ќе одржи вонреден онлајн состанок на кој единствената точка на дневниот ред ќе биде пандемијата со Ковид-19, соопшти Генералниот секретар, Јенс Столтенберг, кој лично ќе ја води конференцијата.
РУСИЈА - Русија е подготвена да преговара со Соединетите Држави за хиперсоничните проектили и друга контрола на вооружувањето, како дел од пошироките разговори за стратешката стабилност, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
6/9 РУСИЈА - Русија е подготвена да преговара со Соединетите Држави за хиперсоничните проектили и друга контрола на вооружувањето, како дел од пошироките разговори за стратешката стабилност, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
КИНА - Русија стана најголем извор на увоз на нови случаи на коронавирус во Кина, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на објава во кинескиот државен весник Глобал тајмс, во кој се наведува дека кинеските надлежни служби оцениле дека новозаразените со коронавирус се од Русија.
7/9 КИНА - Русија стана најголем извор на увоз на нови случаи на коронавирус во Кина, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на објава во кинескиот државен весник Глобал тајмс, во кој се наведува дека кинеските надлежни служби оцениле дека новозаразените со коронавирус се од Русија.
СРБИЈА - Претседателот на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД, Елиот Енгел и сенаторот Боб Менедез изразија загриженост за улогата на САД во преговарачкиот процеси меѓу Косово и Србија. Во писмото испратено до американскиот државен секретар Мајк Помпео, меѓу другото, тие наведуваат дека преку продлабочување на соработката со Русија, Србија ги исполнила условите за добивање санкции на САД.
8/9 СРБИЈА - Претседателот на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД, Елиот Енгел и сенаторот Боб Менедез изразија загриженост за улогата на САД во преговарачкиот процеси меѓу Косово и Србија. Во писмото испратено до американскиот државен секретар Мајк Помпео, меѓу другото, тие наведуваат дека преку продлабочување на соработката со Русија, Србија ги исполнила условите за добивање санкции на САД.
РУСИЈА - Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија се соочува со зголемен број на критично болни со ковид-19 и дека мора земјата да се подготви за најлошото сценарио.
9/9 РУСИЈА - Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија се соочува со зголемен број на критично болни со ковид-19 и дека мора земјата да се подготви за најлошото сценарио.
Previous slide
Next slide

„Ве повикуваме точно во 24 часот во сабота, кога ќе ги слушнете камбаните кои ќе го означат Христосовото Воскресение, со запалени свеќи и со Велигденски црвени јајца да излезете на вашите балкони, дворови или пак во вашите дневни простории и да ја запеете Воскресентската песна. Честитајќи ви го празникот преку електронски медиуми, ве поздравувам со христијанскиот поздрав Христос Воскресна“, соопшти г. Агатангел.

Она што сепак останува исто како лани и претходните години се гужвите на касите од маркетите и продавниците за храна. Граѓаните сепак не можат, а да не обезбедат храна можеби и повеќе од колку што во моментот им е навистина потребно. Фрижидерите се полнат, нервозите во редиците остануваат. Кризата ги погоди и сточарите кои неодамна се пожалија дека цената на жива мера јагне паднала до 90 денари, додека претходно откупната цена се движеше од 120 до 130 денари по килограм, а производната цена се проценуваше на околу 180 денари по килограм. Исто така неодамна Владата ги замрзна цените на основите продукти - леб, сол, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, лекови и дезинфекциски средства. Поради кризата голем дел од зелените пазари во земјата се затворени или пак работат со намален капацитет.

И овој викенд како и претходниот остануваат во сила ригорозните мерки со кои се ограничува движењето на граѓаните, односно полициски час. Овој викенд тој ќе трае од петок во 16 часот до вторник до 5 часот. Граѓаните 85 часа нема да можат да ги напуштат своите домови.

Минатиот викенд, во кој католичките верници го прославуваа Христовото воскресение, помина во знакот на празните катедрали и свечените миси кои се одржуваа на празните плоштади и цркви. Молитвите на свештениците се пренесуваа преку интернет, а своите молитви верниците ги упатуваа од домовите.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG