Достапни линкови

СЗО: Во Европа има над 687.000 заразени со коронавирус


Илустрација - Софија, Бугарија - 6 април 2020 година

Директорот на Регионалната канцеларија на СЗО за Европа, Ханс Клуге, денеска информираше дека бројот на заразени со новиот корона вирус во Европа надмина 687.000, а над 62.000 лица починаа.

„Според податоците пристигнати до утрово, регистрирани се 687.236 случаи (на инфекција). Со жалење информираме дека починале 62.824 луѓе“, рече тој.

Епидемијата на новиот коронавирус Ковид 19 почна во Кина во декември, но до минатиот месец се прошири во целиот свет и беше прогласена пандемија. Скоро 1,5 милиони луѓе ширум светот заболеа од вирусот, а над 82 илјади починаа. На почетокот главно жариште на болеста беше Кина, па потоа се префрли во Европа, каде што најпогодени се Италија и Шпанија, а сега најмногу заболени има во САД, каде што има 400 илјади заразени и 13 илјади починати. Во Македонија досега се регистрирани околу 600 заразени со коронавирус.

XS
SM
MD
LG