Достапни линкови

Трката по вакцина за ковид-19 личи на трката во вооружување


Шишенца со новорегистрирана вакцина против коронавирус од рускиот научен и истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија, „Гамалеја“, Москва, 11.08.2002

Соединетите држави постигнаа договор со Модерна за снабдување 100 милиони дози од експерименталната вакцина против коронавирус. Станува збор за договор вреден 1,5 милијарди долари. Претходно Русија соопшти дека станала првата земја во светот која дала регулаторно одобрување на вакцина за ковид-19, потег кој Москва го оцени како доказ за нејзината научна моќ. Експертите страхуваат дека ова се повеќе личи на трка која не води кон справување со пандемијата.

Договорот објавен од Белата куќа за купување на експериментална вакцина следуваше по сличните зделки на Вашингтон во последните неколку недели за да добие стотици милиони дози на потенцијални вакцини за ковид-19 од повеќе компании.

Според програмата наречена Operation Warp Speed, администрацијата на претседателот Доналд Трамп се обидува да го забрза развојот, производството и дистрибуцијата на вакцина против коронавирус до крајот на годината.

СЗО против националистичко присвојување на идната вакцина против ковид-19

Модерна, во партнерство со американскиот Национален институт за здравство спроведува клинички испитувања во фаза 3 на кандидат за вакцина и производство на дози пред конечно одобрување со цел брзо дистрибуирање на каква било успешна вакцина.

Спутник момент

Во вторникот пак, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија стана првата земја во светот што дала регулаторно одобрување на вакцина за ковид-19 по помалку од два месеца тестирања на човек.

Рускиот претседател Владимир Путин вели дека руската вакцина е ефикасна
Рускиот претседател Владимир Путин вели дека руската вакцина е ефикасна

Вакцината предизвика загриженост кај некои експерти поради брзината на нејзиното одобрување, но рускиот деловен конгломерат Система соопшти дека очекува да ја стави во масовно производство до крајот на годината.

Русија ја регистрираше вакцината против коронавирусот, експертите скептични

На руските здравствени работници кои лекуваат пациенти со ковид-19 ќе им биде понудена можност волонтерски да бидат вакцинирани во наредните недели, изјави извор за Ројтерс во минатиот месец.

Регулаторното одобрување го отвора патот за масовна вакцинација на руското население и властите се надеваат дека ќе и овозможи на економијата, која беше погодена од последиците од вирусот, да се врати во полн капацитет.

КОВИД 19: Почнува производство на експериментална вакцина
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:04 0:00

Кирил Дмитриев, шеф на суверениот фонд на Русија за богатство, го поздрави развојот како историски „Спутник момент“, што може да се спореди со лансирањето на советскиот Спутник 1, првиот светски сателит во 1957 година.

Вакцината ќе се продава под името „Спутник 5“ на странските пазари, рече тој, додавајќи дека Русија веќе добила странски барања за милијарда дози.

Дали Русија во октомври ќе има вакцина против ковид-19?

Обезбедени биле меѓународни договори за производство на 500 милиони дози годишно, при што вакцината се очекува да биде произведена и во Бразил.

Тој рече дека клиничките испитувања се очекува да започнат наскоро во Обединетите Арапски Емирати и Филипините.

Но, само околу 10% од клиничките испитувања се успешни, а брзината со која Русија ја одобри вакцината пред завршните фази на испитувања за безбедноста и ефикасноста ги загрижија научниците, кои стравуваат дека Москва може да го стави националниот престиж пред безбедноста.

илустрација
илустрација

Говорејќи на состанокот на владата на државната телевизија, Путин ги отфрли овие грижи, велејќи дека вакцината, изработена од московскиот институт „Гамалеја“, е безбедна и дека дури и на една од неговите ќерки била вакцинирана.

„Знам дека работи доста ефикасно, формира силен имунитет и повторувам, ги помина сите потребни проверки“, рече Путин. Тој рече дека се надева оти масовното производство ќе започне наскоро.

Испитување ФАЗА 3

Одобрувањето на вакцината од страна на Министерството за здравство доаѓа пред почетокот на поголемо тестирање во кое учествуваат илјадници учесници, познато како тестирање фаза 3.

Ваквите испитувања, кои бараат одредена стапка на учесници да се заразат со вирусот за да се набљудува ефектот на вакцината, обично се сметаат за основни претходници некоја вакцина да добие регулаторно одобрение.

Истражувачите помалку оптимисти за вакцината за ковид-19 од руските власти

Московското здружение на организации за клинички испитувања (АКТО), трговско тело кое ги претставува најдобрите светски производители на лекови во Русија оваа недела го повика Министерството за здравство да го одложи одобрувањето сè додека успешно не заврши последното испитување.

Русија - научник спроведува седиментација на примерок за време на истражувањето и развојот на вакцината против ковид-19 во лабораторија на компанијата за биотехнологија БИОКАД во Санкт Петербург
Русија - научник спроведува седиментација на примерок за време на истражувањето и развојот на вакцината против ковид-19 во лабораторија на компанијата за биотехнологија БИОКАД во Санкт Петербург

Во писмото до Министерството се вели дека има големи ризици поврзани со регистрирање на дрога пред тоа да се случи.

„Во текот на оваа фаза се собираат главните докази за ефикасноста на вакцината, како и информации за несакани реакции кои би можеле да се појават кај одредени групи на пациенти: лица со ослабен имунитет, лица со истовремени заболувања и слично“, се вели во писмото.

Некои меѓународни експерти, исто така, ја доведоа во прашање брзината со која Русија ја одобри вакцината.

„Нормално, треба голем број луѓе да бидат тестирани пред да одобрите вакцина“, рече Питер Кремснер од универзитетската болница во Тјубинген, додавајќи: „Во тој поглед, мислам дека е невнимателно да се одобри ако многу луѓе не се тестирани“.

Ветувачки резултати и надежи за вакцина против коронавирусот

Данкан Метјус, професор по интелектуална сопственост на универзитетот Квин Мери во Лондон, рече дека вестите за потенцијална вакцина за ковид-19 треба да бидат добредојдени, „но безбедноста мора да биде приоритет“.

„Американската администрација за храна и лекови (ФДА) и Европската агенција за лекови (ЕМА) имаат брзи процедури за одобрување за итна хуманитарна употреба и треба да видиме докази дека Русија прифаќа еден ваков пристап“, рече Метјус.

Повеќе од 150 можни вакцини се развиваат низ целиот свет во обидот да се запре пандемијата.

Најмалку четири, според податоците на СЗО, се во завршна фаза на испитувања врз човекот, односно во фазата 3.

Светската здравствена организација претпазливо реагираше на вестите од Русија дека е произведена вакцина против коронавирусот, потсетувајќи дека се неопходни строги процедури за одобрување на каква било вакцина.

„Ние сме во близок контакт со Русите и разговорите продолжуваат. Kвалификацијата на секоја вакцина мора да помине низ строги процедури“, изјави портпаролот на СЗО, Тарик Јашаревиќ.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG