Околу 300.000 луѓе останаа без покрив над главата, откако голема експлозија го погоди либанскиот главен град Бејрут на 4 август. Според последните информации од 6 август, најмалку 137 лица загинале, а над 5.000 се повредени. Агенцијата Франс-Пресе низ фотографии ги прикажува жителите во нивните уништени домови.
Бејрут: Луѓе во разурнати домови

1
Повредениот либански телевизиски продуцент Тони Ахваџи седи на неговиот балкон со поглед на пристаништето во стариот дел на градот Мар Михаел, кој беше тешко оштетен за време на експлозијата

2
Жителка на една од најубавите делови на стариот Бејрут - Гемајзе го чисти домот од скршени работи

3
На пауза од чистењето на уништениот дом во централниот дел на Бејрут.

4
Жена го чисти домот разурнат од силната експлозија.