Достапни линкови

Мигрантите, жртви на шпекулации и дезинформации


Мигрантите, жртви на шпекулации и дезинформации
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:46 0:00

Мигрантите, жртви на шпекулации и дезинформации

На мигрантите кои со недели се заглавени во импровизираниот камп кај Идомени на македонско-грчката граница неколку пати им беа поделени летоци за можни нови рути до Европа. УНХЦР соопшти дека не ги дистрибуира летоците, но се уште не е познато кој го прави тоа.

Летоците предизвикуваат конфузија и бес меѓу мигрантите.

„Сакаме да знаеме кој го објавува ова, за да можеме да донесеме одлука што да правиме. Ако не е веродостоен извор, како можеме да заминеме. Сакаме да заминеме, тука живееме во отворен затвор и не знаеме како да се извлечеме“, вели Абдулрахман од Ирак во врска со летоците.

Веќе неколку пати на мигрантите им беше зголемена надежта дека наскоро ќе можат да ја минат македонско грчката граница која останува затворена.

Кон средината на март, мигрантите илегално се обидоа да влезат во Македонија откако им беа поделени летоци за тоа каде да се движат. Тие потоа беа вратени од македонските безбедносни служби.

Сакаме да знаеме кој го објавува ова, за да можеме да донесеме одлука што да правиме. Ако не е веродостоен извор како можеме да заминеме. Сакаме да заминеме, тука живееме во отворен затвор и не знаеме како да се извлечеме.
Абдулрахман од Ирак, бегалец

Мигрантите се плашат дека ако го напуштат нивниот импровизиран камп, ќе бидат многу далеку од границата при евентуалното нејзино повторно отворање.

Грчките власти ги информираа дека не постои таква опција и се обидуваат да ги уверат да заминат во официјалните прифатни центри каде што условите за живот се многу поповолни отколку во кампот кај Идомени.

Од време на време има и такви кои си одат. Но, според податоците, во изминативе неколку дена само околу илјада го напуштиле кампот во кој има над 12 илјади мигранти.

Има случаи и на оние што повторно се враќаат во Идомени, жалејќи се дека ниту во прифатните центри условите не биле подобри.

„Другиот камп е воен, бевме опкружени од војници. Тоа беше безбедносна зона и се чувствуваме како затвореници. Не можевме да се движиме слободно и за секое одење негде ни требаше дозвола“, вели Инас од Дамаск.

Мигрантите постојано протестираат во кампот, барајќи отворање на границата. Тие ја блокираат пругата меѓу Грција и Македонија.

Вчера, пак, подигнаа лажни гробови како дел од нивниот протест за да покажат дека тие би можело да умрат доколку останат таму.

Во исто време на Егејско Море и натаму има обиди за илегално минување на луѓе од Турција кон Грција. Сепак, нивниот број е намален поради заострените контроли на турската крајбрежна стража договорени меѓу Турција и Европската унија.

И натаму останува загриженоста за тоа дали или овој договор е правно исправен и ефикасен. Многумина оценуваат дека привлечноста на Европа не може да биде уништена со некаков договор. Затоа, според нив, трговците со луѓе, најверојатно, ќе се фокусираат врз нови патишта.

Во Турција има над два милиона и седумстотини милиони сириски бегалци. Еден милион луѓе само во минатата година го преминаа Егејското Море на пат кон Германија и Шведска.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG