Достапни линкови

ЕУ договорот со Турција за мигрантите зависи од Кипар


ЕУ договорот со Турција за мигрантите зависи од Кипар
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:41 0:00

ЕУ договорот со Турција за мигрантите зависи од Кипар

Лидерите на Европската унија на дводневен тежок состанок за финализација на важниот договор кој начелно е постигнат со Турција за справување со мигрантската криза. Тој е доведен под прашалник откако Кипар го услови со поддршката на Анкара за мировните преговори во поделениот остров.

„Напредуваме, но имаме се уште многу работа. Миграцискиот договор треба да биде можност за Турција да ги поддржи преговорите во Кипар. Само така можеме да одиме напред“, изјави претседателот на Европскиот совет Доналд Туск пред почетокот на дводневниот самит во Брисел.

Според договорот начелно прифатен во минатата недела Анкара треба да ги прифати назад сите мигранти и бегалци кои влегле во Европа од Турција во замена за повеќе пари, забрзано прифаќање на безвизен режим за Турците и продолжување на преговорите за членство на таа земја во Унијата.

Меѓутоа, кипарскиот претседател Никос Анастасијадес се закани дека ќе го блокира договорот поради долготрајните несогласувања со Анкара околу островот кој е поделен од 1974 година кога турските сили извршија инвазија врз северниот дел како одговор на обидот за државен удар испланиран од Атина.

Единствените две земји што ги посети Туск пред самитот беа Турција и Кипар со што се покажа за колку сериозно прашање станува збор.

Напредуваме, но имаме се уште многу работа. Миграцискиот договор треба да биде можност за Турција да ги поддржи преговорите во Кипар. Само така можеме да одиме напред.
Доналд Туск ,претседател на Европскиот совет

Сега во договорот за мигрантите со Турција се направени измени што даваат малку шанси дека тој би можело да биде финализиран кога на евролидерите в петок ќе им се приклучи и турскиот премиер Ахмед Давутоглу.

„Европската унија, со Турција ќе подготви одлука за отворање нови поглавија во преговорите за членство што е можно поскоро“, се наведува во изменетиот предлог.

Токму она „што е можно поскоро“ не фигурираше во претходниот договор постигнат со Давутоглу.

Во меѓувреме, германскиот канцелар Ангела Меркел инсистира на усвојување на договорот со Турција особено откако во неделата претрпе тежок пораз на регионалните избори главно поради револтот кај јавноста околу неконтролираниот бран мигранти во Германија.

​Меркел во германскиот парламент пред самитот изјави дека никој не треба да се залажува од релативното затишје со мигрантите откако Австрија и балканските земји ги затворија нивните граници.

Над 43 илјади мигранти и бегалци се заглавени во Грција каде што пристигнуваат уште луѓе и покрај патролите на НАТО на Егејско море.

Околу 10 илјади бегалци во импровизираниот камп Идомени на границата меѓу Македонија и Грција престојуваат во нечовечки услови.

Водата за пиење и храната обезбедени од хуманитарните агенции во кампот не се доволни, принудувајќи ги мигранти да чекаат со часови за еден сендвич или една чаша супа. Над 40 отсто во кампот се и многу од нив страдаат од некоја болест.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG