Достапни линкови

Масовниот илегален бегалски бран, засега запрен


Бегалците вратени во Грција
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:14 0:00

Бегалците вратени во Грција

Денеска нема масовни илегални премини бегалци. Поголемиот дел од оние што вчера влегоа во Македонија се вратени назад, а мала група е сместена во прифатниот центар Винојуг. Жителите на село Моин велат дека вчера немало никакви проблеми со бегалците и оти колку можеле им помагале.

Со солзи во очите дел од бегалците кои денеска се наоѓаат во прифатниот камп Винојуг во Гевгелија на македонско-грчката граница бараат земјата да ги отвори границите за да можат да го продолжат својот пат во некоја од западно-европските земји. Вчера, група бегалци пешки од Идомени преку Сува Река нелегално влегоа на македонска територија. Меѓу тие што успеале да преминат е и Зекир од Иран, кој раскажува дека во грчкиот камп Идомени бил околу еден месец. Многу од луѓето, според него, се во лоша здравствена состојба, а четворица завршиле во болница. По патот ги водел еден криумчар, кој, според Зекри, најверојатно е од Грција. Плативме од 2000 до 3000 евра за секој човек. Тоа е многу лошо“, вели Зекир. Тој вели дека сака да оди во Германија или во Австрија и не сака да се врати во Иран.

Не сакаме да се вратиме од Грција, ниту да останеме тука. Сакаме да одиме до Србија, па од таму до Австрија или Германија каде е безбедно и каде можеме да имаме добар живот.
Зекир од Иран.

„Не сакаме да се вратиме во Грција, ниту да останеме тука. Сакаме да одиме до Србија, па од таму до Австрија или Германија каде е безбедно и каде можеме да имаме добар живот“, вели Зекир.

На една од жените во кампот и беше повредена ногата. Бегалците не сакаат да ги снимаме со камера и велат дека се плашат. Тие молат Македонија да им помогне.

Враќањето на мигрантите во Грција
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:06 0:00

Жителите на селото Моин кое се наоѓа во близина на Гевгелија, велат дека станале познати преку ноќ. На шега велат дека се соочиле со човечко стампедо. Дека малото село имало непоканети гости вчера говори и присуството на полицијата на влезот на Моин. Вчера неколку стотини бегалци се обидоа да влезат на македонска територија, по што беа вратени на грчка територија.

Јас едно бебенце облекував, полицаецот ми го даде, вика греота е, целото беше мокро. Чув некој викаше – да не е заразено, па и да е заразено, нека е, јас и така сум стара па нека умрам.
Тана Проданова од село Моин.

Светозар Захариевски, жител на селото, вели дека немале никаков проблем со бегалците.

„Проблем не сме имале. Беа мирни, беа послушни, си седнаа како што им рече полицијата. Имаше и војска, имаше доста луѓе, но немаше никаков проблем.“

И Тана Проданова, исто така од село Моин, вели дека полицијата и војската добро реагирале и дека немало проблем со бегалците. Таа раскажува дека жителите им помагале на бегалците.

„Ако некој каже дека тука нешто се случило – ќе згреши, оти тоа што беше тука беше мирно. Ние им помогнавме колку можевме, имаше бебиња, помогнавме да се соблечат, да се облечат, лепче им дадовме, што можевме помогнавме. И тие се луѓе. Леб од дома и донесовме, компот, млеко, зденка, кој што имал дома. Јас едно бебенце облекував, полицаецот ми го даде, вика греота е, целото беше мокро. Чув некој викаше – да не е заразено, па и да е заразено, нека е, јас и така сум стара па нека умрам“, раскажува Тана Проданова од село Моин.

Освен триесеттината бегалци кои се во кампот Винојуг, има уште неколку кои веќе таму се наоѓаат една седмица.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG