Достапни линкови

ЕУ и Турција, договор со многу прашања


ЕУ и Турција, договор со многу прашања
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:57 0:00

ЕУ и Турција, договор со многу прашања

Лидерите на Европската унија се согласија да и понудат на Турција финансиски и политички отстапки ако го запре бранот мигранти кон Грција. Тоа во Брисел ги зголеми надежите дека е можен договор за крај на мигрантската криза, но, од друга страна отвори и многу прашања.

И покрај постигнатиот договор самитот на Европската унија ја зголеми загриженоста меѓу самите Европејци околу тоа дали ваквиот договор е легален, односно според меѓународното право, а со тоа дали воопшто може да се спроведе.

По разговорите за време на вечерата, лидерите им дадоа мандат на преговарачите да склучат договор со Турција, за враќање на сите мигранти кои пристигнале на грчките острови.

За возврат ЕУ ќе зема сириски бегалци директно од Турција, ќе им дава помош на оние што се сместени таму, ќе ги забрза преговорите за членството на Анкара во ЕУ и за патување на Турците во Европа без визи.

Попрецизно за секој вратен мигрант во Турција, Европската унија ќе прифати еден сириски бегалец директно од Турција. 72 илјади од нив ќе бидат распоредени по земјите членки на Унијата, а Брисел ќе и даде над 6 милијарди евра помош на Турција за справување со мигрантите.

И покрај постигнатиот договор самитот на Европската унија ја зголеми загриженоста меѓу самите Европејци околу тоа дали ваквиот договор е легален, односно според меѓународното право, а со тоа дали воопшто може да се спроведе.

Голем дел од синоќешната дебата беше фокусирана врз тоа како да се обезбеди ваквиот план кој е критикуван од организациите за човекови права да профункционира, односно како да се обезбеди оние што ќе бидат вратени во Турција, земја која има лоши оценки во врска со почитувањето на човековите права, да бидат и заштитени.

Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека Европската унија мора да биде подготвена што е можно поскоро да почне да ги враќа мигрантите.

„Ова треба да се спроведе прилично брзо. Бидејќи сите знаеме дека ако работите траат предолго, тогаш тие ќе имаат обратен ефект“, рече Меркел, наведувајќи дека легалното преселување на сириски бегалци од Турција кон ЕУ треба да почне неколку дена по првото враќање на мигранти во Турција.

Таа додаде дека Турција мора да ги измени своите закони за да ги исполни меѓународните стандарди за заштита на мигрантите ако сака брза либерализација на визите на ЕУ за нејзините граѓани.

Во меѓувреме турскиот премиер Ахмет Давутоглу изрази извесно негодување поради некои оценки од Брисел дека Турција ја уценува Унијата со мигрантите.

„Ние никогаш не се обидовме да постигнеме нешто преку искористување на мигрантската криза. Очигледно е како ги третираме на мигрантите. Светот е сведок како ги третираме. Затоа никој не треба да се сомнева во тоа, но од друга страна, ние нема да прифатиме каков било предлог кој ќе ја претвори Турција во отворен затвор мигранти. Секој мора да го знае тоа“, рече Давутоглу пред заминувањето за Брисел.

Во рок од една година над милион луѓе пристигнаа во Европа бегајќи од војните и сиромаштијата во Блискиот Исток.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG