Достапни линкови

Малку странски инвестиции


Бунариџик ,,остана" со две фабрики

Бунариџик ,,остана" со две фабрики

Агенцијата за странски инвестиции има буџет од 5,6 милиони двојно поголем од МАНУ и два ипол пати поголем од Сектератијатот за европски прашања, плус владата има и министер задолжен за странски инвестиции, а македонскиот просек на странски инвестиции е 3 пати помал по глава жител од балканскиот. И додека Директорот Виктор Мизо и натаму е оптимист, за некои експерти владините кампањи се бадијала пари за продукт што не постои.

Ако се задржи сегашниот тренд, Македонија годинава ќе привлече помалку странски инвестиции од лани. Статистиката вели дека во првата половина од годинава во земјава влегле 67,5 милиони евра странски инвестиции. Лани, во земјава влегле 180 милиони евра, односно три пати помалку странски инвестиции по жител од западно балканскиот просек.
Суштинско решение на проблемот не е постојниот концепт и промоторите, туку суштинско решение на проблемот за поголемо привлекување на странски инвестиции е сериозен прогрес во евроинтеграциските процеси и конечно влез во ЕУ и
НАТО.

Земјава, пак, судејќи по ресурсите што ги вложува троши завидна сума пари на анимирање на странските инвеститори да дојдат тука. Во владата има министер без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции и Агенција за странски инвестиции која има годишен буџет поголем од 5,6 милиони евра. Агенцијата има двојно поголем буџет од МАНУ, 2,5 пати повеќе од Секретаријатот за европски прашања и малку поголем буџет од Јавното обвинителство.
Опозицијата обвинува дека владата бадијала троши толку пари, дел од економистите посочуваат на погрешна стратегија, додека власта вели дека резултатите што ги осварува се добри.
Потпретседателот на опозицискиот СДСМ Зоран Јовановски обвинува дека владата бадијала троши пари.

„Суштинско решение на проблемот не е постојниот концепт и промоторите, туку суштинско решение на проблемот за поголемо привлекување на странски инвестиции е сериозен прогрес во евроинтеграциските процеси и конечно влез во ЕУ и НАТО.“


Ние сме мала економија без излез на море и заблуда е дека може да привлечеме странски инвестиции, без интегрирање во НАТО и во ЕУ, вели Јовановски.

Од друга страна, директорот на Агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо вели дека Македонија воопшто не стои лошо во споредба со земјите од регионот, ако се земат предвид сите објективни околности. Тој посочува дека во соседството дури сега е во тек приватизацијата и странските инвестиции се всушност купување на постоечките фабрики. Битен фактор е и големината – во Србија, на пример, доаѓаат странски инвеститори на кои им е битен само локалниот пазар. Од друга страна, во Албанија и во Црна Гора се продава имот покрај море за туристички објекти. Ако ги споредиме гринфилд инвестициите или новоотворените погони или фабрики, Македонија стои подобро од голем дел од земјите, вели Мизо.
Сигурно сме во една од шест до седум земји од Централна-Источна Европа која голем број на компании посебно во производествени, а дури и во сервисни дејности ја разгледуваат како можна
дестинација.

За разлика од пред три години, вели тој, Македонија сега е на мапата на можни инвестициски дестинации.

„Сигурно сме во една од шест до седум земји од Централна и Источна Европа која голем број на компании посебно во производествени, а дури и во сервисни дејности ја разгледуваат како можна дестинација.“

Аналитичарот Ден Дончев, пак, го критикува трошењето пари за промоција на Македонија како инвестициски рај.

„Промовирањето, според мене, е анти-пропаганда за нашата држава, бидејќи рекламиравме производ кој за жал во реалноста не постои.“

Тој смета дека владата има погрешна стратегија во привлекувањето странски инвестиции. Не треба да се расплинуваме, туку да се фокусираме на одредени земји и да бараме инвести од одредена област.

„Република Македонија ниту имала, ниту на краток или долг рок под сегашните околности на пример, може да има конкурентна спремност или конкурентна предност во производство на телевизори, но ја видовме токму таа ’фарса‘ пред една година кога се фрлија лопати за отварање на фабрика за производство на телевизори. Какво залудно трошење на време. Тоа апсолутно не и е потребно на нашата држава.“

Според него и споровите на владата со некои големи странски инвеститори како ЕВН е голема антиреклама за Македонија.

Мизо, пак, вели дека 2010 е изгубена година од инвестициски аспект, но оти во голема мера ќе го детерминира приливот на инвестиции во наредните две години. Тој очекува, инвеститорите што Македонија ги „брка“ годинава, да дадат резултати во 2012.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG