Достапни линкови

Македонија размислува за Белене


Ќе се вклучи ли Македонија во изградбата на нуклеарната централа во Белене?

Ќе се вклучи ли Македонија во изградбата на нуклеарната централа во Белене?

Влада ќе направи анализа врз основа на која ќе одлучи дали ќе ја прифати понудата за инвестирање во нуклеарната централа Белене.

Нуклеарната енергија не е свето писмо, па на неа да инсистираме по секоја цена, вели академик Глигор Каневче. Тој посочува дека треба да се направи детална и опсежна анализа пред државата да одлучи дали ќе инвестира во нуклеарната централа Белене во Бугарија, дали ќе гради сопствена нуклеарка на македонска територија или воопшто нема да се потпира на нуклеарна енергија.
Ако се покаже дека навистина не е исплатлива ниту едната, ниту другата опција, а имаме можности за обезбедување на потребната енергија на друг начин, не е тоа свето писмо да мора нуклеарна
енергија.


„Ако се покаже дека навистина не е исплатлива ниту едната, ниту другата опција, а имаме можности за обезбедување на потребната енергија на друг начин, не е тоа свето писмо да мора нуклеарна енергија.“

Според него, за изработка на една таква анализа би биле потребни една до две години.
Каневче потенцира дека државата треба да ги разгледа сите опции за обезбедување на земјава со струја во иднина и да ја избере најповолната.

„Ако се покаже дека јагленот кој што го имаме на располагање, ќе може економски исплатливо да се користи во термоелектрани нови, опција е и да се изгради термоелектрана и на јаглен од увоз, опција е да се инвестира и во електрани на јаглен во некоја соседна земја. Значи ниту една од опциите не можеме однапред да ја отфрлиме.“

,Секако дека како идеја веднаш неможе да се отфрли. Во ситуација кога би имало многу поголема политичка стабилност во регионот, секако дека тоа би било интересна
опција.
Планот за нуклеарната електрана Белене

Бугарскиот министер за економија вчера во Виена му понудил на вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, Македонија да се вклучи во изградбата на Белене. Во телефонски разговор за телевизија Сител, Пешевски вели дека Македонија ќе ја анализира можноста за инвестирање во Бугарија.

„Секако дека како идеја веднаш неможе да се отфрли. Во ситуација кога би имало многу поголема политичка стабилност во регионот, секако дека тоа би било интересна опција.“

Тој вели дека цената е повисока за сите ако секоја земја реши да се обезбедува енергетски, со сопствени проекти. Пешевски најави дека владата ќе одговори на понудата во разумен рок. И во Министерството за економија велат дека ја анализираат опцијата за инвестирање во Белене, но не можеа да кажат кога ќе завршат анализите.

Академик Каневче вели дека расположивите податоци во овој момент не даваат доволно елементи за дефинитивна анализа. Неизвесно е какви нови мерки ќе се преземат на светско ново по Кјото протоколот, која е цената што ќе треба да се плаќа за емисија на стакленички гасови и како ќе се одвива либерализацијата на пазарот на струја. Затоа сегашните анализи се доста непрецизни и се во многу широк дијапазон, вели тој.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов, претходно им понуди и на Србија и на Хрватска да инвестираат во нуклеарката. Хрватската премиерка Јадранка Косор ја одби понудата, а според медиумите од Белград, Србија сака да купи пет отсто од Белене.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG