Достапни линкови

Пад на листата на „Doing Business“


Извадок од извештајот „Дуинг Бизнис“ за рангот на Македонија

Извадок од извештајот „Дуинг Бизнис“ за рангот на Македонија

Македонија падна за две позиции на ранг листата во извештајот „Дуинг Бизнис“ на Светската банка.

Владини претставници неретко го посочуваа напредокот на земјава на ранг листата како значаен показател за подобрената бизнис-клима. Но што може да се случи сега, откако земјава падна од 36 на 38 место во извештајот на Банката за 2011 година? Споредено со претходниот напредок, довербата во македонската бизнис-клима не е загрозена, смета министерот за финансии Зоран Ставрески:
Значи, ако остварите подобрување за 70 места и ако потоа забележите пад за 2 места, тоа е само потврда дека сте го задржиле високото место бидејќи многу потешко е откако ќе направиш подобрување и дојдеш во групата во овие земји да ја задржиш таа висока
позиција.


„Значи, ако остварите подобрување за 70 места и ако потоа забележите пад за 2 места, тоа е само потврда дека сте го задржиле високото место бидејќи многу потешко е откако ќе направиш подобрување и дојдеш во групата во овие земји каде што сме ние и да ја задржиш таа висока позиција.“

Од опозицијата, пак, сметаат дека падот ќе има влијание. Потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски вели дека падот секако ќе се почувствува:

Раководство на СДСМ

„Никој не може да измери колку ќе биде, меѓутоа довербата во амбиентот, владата, во економските политики, во луѓето што го водат тоа, легитимно е да се каже дека ова ќе предизвика намалување на довербата.“

Како стојат состојбите? Македонија е рангирана петта во светот во категоријата „Стартување на нов бизнис“, што во споредба со претходниот ранг, е подобрување за две позиции. Промена има и во категоријата „плаќање даноци“ каде се бележи скок од 14 позиции. Во останатите осум категории се бележат падови. Шест позиции подолу во категоријата „регистрирање имот“, две позиции подолу во категоријата „подршка на договори“ и една поозиција подолу во категоријата „трговија преку граници“. Судејќи по податоците, земјава е слабо рангирана во категоријата „затворање на бизиси“.
Меѓутоа довербата во амбиентот, владата, во економските политики, во луѓето што го водат тоа, легитимно е да се каже дека ова ќе предизвика намалување на довербата


За најзначајниот напредок во категоријата „отворање на бизнис“, упатените велат дека нова фирма лесно се отвора, но недостига понатамошна подршка. Првиот човек на „ПСМ Јес“ фондацијата Љупчо Деспотовски вели дека на новите компании, популарно познати како „стартап бизниси“ им фали подршка за да опстанат, и додава:

„За започнување бизнис сме на петто место, за да го затвориш бизнисот ќе бидеме на 116 место во ранг, така да очигледно дека тука треба нешто да се преземе, значи не е работата само да го отвориш бизнисот, бидејќи може да не ти тргне, па треба да го затвориш и значи тука ќе ’заглавиш‘.“

Во извештајот на Светската банка се забележува дека од земјава догодина не се очекува напредок во полето на достапност до пари. Во категоријата „добивање кредит“, Македонија бележи пад за две позиции. Непроменет е рангот на земјава во категориите „справување со дозволи за градба“ и „заштита на инвеститорите“.
XS
SM
MD
LG