Достапни линкови

Градежните компании не се согласуваат со оценката на Министерството за транспорт и врски дека септември е месец на градежна експанзија.

Дај боже да ја има, ама ние не ја чувствуваме. Вака градежниот сектор ја коментира оценката на Министерството за транспорт и врски дека септември е месец на градежна експанзија.
Претседателот на здружението на градежниците, Никола Велковски вели дека би било добро навистина да се случува градежна експанзија.
За жал во моментов ситуацијата сеуште не е таква за ние да искажеме задоволство. Сеуште се неликвидни фирмите, сеуште немаат редовна исплата на лични доходи и она што е елементарно уставно право, а тоа е загарантирана здравствена
заштита.


„Лично, ние немаме некој впечаток дека нешто битно се променило кон повеќе, или дека нешто битно се намалило. Значи, можеби, сигурно дека има некоја вистина во тоа, но сепак дека во делот на интензитет, експанзија во тој дел на активностите, не сме забележале.“

Претседателот на Синдикатот на градежни работници Павел Трендафилов е на сличен став. Градежна експанзија би била добра и за државата и за работниците, вели Трендафилов.

„За жал во моментов ситуацијата се уште не е таква за ние да искажеме задоволство. Се уште се неликвидни фирмите, се уште немаат редовна исплата на лични доходи и она што е елементарно уставно право, а тоа е загарантирана здравствена заштита.“

Илустрација: Градежен работник

Ако, пак, навистина се случува градежна експанзија во моментов, вели Трендафилов, ред и работниците да се офајдат.
Значи, можеби, сигурно дека има некоја вистина во тоа, но сепак дека во делот на интензитет, експанзија во тој дел на активностите, не сме забележале.

„Треба благодетот да се префрли кај рабонтиците и треба и парите да се слеат кај работниците, зашто ние во овој момент не гледаме некоја добра перспектива.“

Претседателот на здружението на градежниците, Никола Велковски вели дека за вистинска експанзија на градежниот сектор, Министерството за транспорт и врски мора да ја забрза процедурата за издавање градежни дозволи, која сега трае од 5 до 7 месеци.

„Има застој, не дека тие лично сакаат тоа да го прават, туку многу документи се потребни. Сега за едно одобрение за градба треба да докажете условно кажано дека и `градинка за детето редовно сте плаќале` за да добиете одоборение.“

Министерството за Транспорт и врски, пак, соопштува дека постојано презема активности за олеснување на процедурата за добивање одобренија за градба.

Според статистичките податоци, во септември годинава биле издадени 268 одобренија за градење, што е за 13 отсто повеќе од истиот месец лани. Вредноста на предвидените објекти се проценува на околу 3 милијарди денари, односно околу 50 милиони евра, што е за речиси двојно повеќе од вредноста на објектите за кои е издадена дозвола за градба во септември минатата година. Министерството оцени дека овие податоци се доказ за поголема градежна експанзија и предуслов за подобрување на економската состојба.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG