Достапни линкови

logo-print

Економските зони и за домашните фирми?


Слободна економска зона Бунарџик кај Скопје

Слободна економска зона Бунарџик кај Скопје

Владата не ја исклучува можноста и домашните фирми да ги користат индустриските развојни зони кои беа наменети само за странски инвестиции.

Технолошко индустриските развојни зони се еден вид на бенефиции кои се наменети за привлекување на странски капитал за креирање на нови погони и работни места, а домашните фирми учествуваат само во изведбата на инфраструктурата и градежните работи. Ова ни го изјави министерот Веле Самак по најавите во некои медиуми дека поради неуспехот да се донесат странски компании во земјава слободните зони ќе можат да ги користат и домашните. Засега не планираат промена на политиката, но не ја исклучува ваквата можност
Во моментот се чека сеуште затоа што имаме вложено доста напор и труд во моментални тековни преговори како и потенцијални проекти кои ги имаме за кој е предвиден и капацитетот во тие зони, затоа и се проширени неколку на пример, Скопје 2, Тетово и Штип
во иднина.

,,Во моментот се чека сеуште затоа што имаме вложено доста напор и труд во моментални тековни преговори како и потенцијални проекти кои ги имаме за кој е предвиден и капацитетот во тие зони, затоа и се проширени неколку на пример, Скопје 2, Тетово и Штип."

Марјанчо Николов од опозициската СДСМ вели дека тие барале од владата кога бил донесен концептот домашните и странските инвеститори да бидат еднакви.

,,Тогаш владата не прифати таква сугестија од страна на опозицијата и тврдеше дека ќе донесе странски инвеститори во доволен број во овие технолошко-индустриски-развојни зони. Сега очиглено концептот за привлекување на странски инвестиции е неуспешен, нема странски инвеститори во зоните."

Бизнисменот Зоре Темелковки вели дека ниту една влада не успеала да донесе големи инвестиции во земјава и затоа мора прво да се развие домашното стопанство за да се привлече странски капитал.
Тогаш владата не прифати таква сугестија од страна на опозицијата и тврдеше дека ќе донесе странски инвеститори во доволен број во овие технолошко-индустриски-развојни зони

,,Нема странски инвестиции без домашен капитал, тоа нигде не било."

Темелковки вели дека тој и Сојузот на Стопански комори имале изработено ваков проект и дека има заинтересираност од домашните компании за инвестирање во слободните економски зони.

,,Кај нас во малите и средни претпријатија, сето тоа е интерес бидејќи имаме доста мали фирмички во бизнисот кои што пораснале и се под кирија. Идејата беше некаде кај Зајчев рид, во таа зона, да биде под истите услови за да не плаќаат кирија и да направат проширување на бизнисот."

Самак вели дека тие во моментов преговараат со дваесетина инвеститори. Придобивката за домашните компании според него би била тоа што некои од странските преферираат да не градат сами и да не бидат сопственици на погонот и градбата.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG