Достапни линкови

Според граѓаните наместо да се задолжува за враќање на долговите, владата треба паметно да ги троши парите од буџетот пред се за развој на стопанството.

Политиката на владата да се задолжува во странство за да ги врати своите долгови за граѓаните е неприфатлива и тие сметаат дека приоритет треба да и биде отварање на нови работни места и развој на стопанството. Според експертите единствениот излез со кој ќе се оствари просперитет на економски план е евроатланската интеграција на Македонија. Граѓаните велат дека владата не треба да го троши буџетот на долгови и на плати за вработените во јавна администрација.
Има луѓе кои што немаат леб да јадат и парите треба правилно да се распределуваат. Има многу невработени, бројот на невработени е страшно голем, треба да се најде начин да се вработат младите, да се вложува во стопанството


,,Има луѓе кои што немаат леб да јадат и парите треба правилно да се распределуваат. Има многу невработени, бројот на невработени е страшно голем, треба да се најде начин да се вработат младите, да се вложува во стопанството."

,,Има многу затворени фабрики, се натрупало се во администрација, а за тоа сите ние плаќаме."

,,Во оваа криза да трошат за народот да преживее, да ги исплати неисплатените плати, да си ги подмири владата тие долгови, а после други работи."



Професорот Христо Карталов вели дека веќе е јасен фактот оти Македонија неможе да напредува доколку не стане членка на Европската унија и НАТО.

,,Се покажа дека е илузија дека Македонија ќе може да постои, егзистира како оаза среде Европа која што нема да биде интегрирана во тие евроатлантски структури."
Се покажа дека е илузија дека Македонија ќе може да постои, егзистира како оаза среде Европа која што нема да биде интегрирана во тие евроатлантски структури

Карталов вели дека инвеститорите кои се најважни за развој на земјата бараат сигурна бизнис клима, која и недостасува на Македонија:

,,Се покажа на примерот на Албанија, дека тогаш кога земјата зачекори во НАТО инвеститорите се свртеа кон Албанија. Македонија нема капитал, таа е сиромашна со капитал, капиталот треба да дојде од надвор, а тие се плашлив ,,сој" на луѓе, тие сакаат сигурност, гаранција."

Пресметките на владата покажаа дека буџетскиот дефицит на земјава во 2009 година изнесува 2,7 проценти. Владата смета дека води здрава фискална политика и показател за тоа е што буџетскиот дефицит е трет најнзок во Европа.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG