Достапни линкови

Вести

Франција и Русија со ист став за Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин и францускиот претседател Франсоа Оланд
Рускиот претседател Владимир Путин и францускиот претседател Франсоа Оланд
Рускиот претседател Владимир Путин и францускиот претседател Франсоа Оланд на зедничката прес конференција по нивната средба во Москва изјавија дека ја имаат истата цел за Сирија, да се избегне распад на земјата. Путин рече дека и покрај нивните разлики двете земји се за одржување на Сирија како демократска држава.
Но, според Оланд, тука е прашањето како да се стигне дотаму преку политички дијалог во кој нема да биде вклучен претседателот Башар ал Асад. Русија долго време ги отфрла меѓународните повици за оставка на Асад.

Дачиќ-поделба и разграничување на Косово е најдобро решение

Српскиот премиер Ивица Дачиќ
Српскиот премиер Ивица Дачиќ
Српскиот премиер Ивица Дачиќ изјави денеска дека поделбата на Косово и разграничување со косовските Албанци е најдобро решение. Според него, власта во Србија направила се со понудата за заедница на српски општини која би била дел од приштинскиот систем.
Но, како што рече Дачиќ сега и тоа не е доволно и Приштина бара заедницата да нема никакви надлежности, што е неприфатливо.

Викиликс-војникот се изјасни виновен за некои обвиненија

Бредли Менинг
Бредли Менинг
Американскиот војник Бредли Менинг обвинет за испраќање на илјадници доверливи документи на веб-сајтот Викиликс се изјасни дека не е виновен за помагање на непријателот.
На сослушувањето пред воениот суд Менинг рече дека е виновен за други 10 помали обвиненија од вкупно 22 кои беа покренати против него.

Бенедикт го напушти Ватикан на неговиот последен ден како папа

Заминувањето на папата Бенедикт од Ватикан
Заминувањето на папата Бенедикт од Ватикан
Папата Бенедикт 16 го напушти Ватикан на неговиот последен ден како поглавар на римокатоличката црква. Осумдесет и петгодишниот Бенедикт беше префрлен со хелихоптер до неговата резиденција во близина на Рим.
Неговиот заменик кардиналот Тарчизио Бертоне привремено ќе биде на функцијата додека не биде избран новиот папа. Бенедикт е првиот понтиф кој дава оставка во изминативе шест векови.

ДИК го усвои новиот роковник за локалните избори

Претседателот на ДИК Борис Кондарко
Претседателот на ДИК Борис Кондарко
Државната изборна комисија денеска го усвои новиот роковник за локалните избори откако Собранието ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик со кој рокот за поднесување на кандидатурите се продолжи до 3 март. Претседателот на ДИК Борис Кондарко изјави дека е напрваен упад во Изборниот законик, бидејќи среде изборен процес донесени се измени кои не можат да се вклопат во веќе донесениот роковник.
Дел од членовите не се согласија со неговата констатација. Анета Стефановска го оцени како политички говорот на Кондарко, бидејќи измените според неа се знак на добра волја и подадена рака за опозицијата.

Опозицијата го спречи говорот на Тачи во косовскиот парламент

Косовскиот премиер Хашим Тачи
Косовскиот премиер Хашим Тачи
Опозициските пратеници од движењето „Одлучи сам“ на денешната седница го спречија говорот на косовскиот премиер Хашим Тачи на кој требало да го изнесе извештајот за петтата рунда преговори со неговиот српски колега Ивица Дачиќ во Брисел.
Пратениците на говорницата поставиле транспарент со мапа на Косово, на која Митровица била означена со црвена боја и пишувало „Косово на Тачи“. Пратеникот Висар Имери изјави дека без било какви консултации Тачи ја продава и ја дели нивната земја. Според него, тоа го направиле за да го разбудат народот на Косово.

Хашкиот трибунал го ослободи Момчило Перишиќ

Момчило Перишиќ
Момчило Перишиќ
Хашкиот трибунал денеска го ослободи поранешниот началник на Генералштабот на југословенската армија Момчило Перишиќ. Во септември 2011 година трибуналот го осуди Першиќ на 27 години затвор за убиство и напади на цивили во БиХ и Хрватска за време на војната од 1993 до 1995 година.

Силен земјотрес ја погоди Камчатка

Камчатка
Камчатка
Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотрес со јачина од 6,9 степени го погодил рускиот полуостров Камчатка. Епицентарот на земјотресот бил 85 километри од градот Озерновски и на длабочина од 52 километри.
Според руските власти се уште нема извештаи за жртви или штета од земјотресот и не било издадено предупредување за цунами.

Жртви на протестите во Бангладеш

Делавар Хосаин Саједи
Делавар Хосаин Саједи
Најмалку 15 лица загинале за време на насилните протести во Бангладеш по пресудата на исламистички лидер на смртна казна за воени злосторства за време на војната за независност против Пакистан во 1971. Судот донесе одлука дека Делавар Хосаин Саједи е виновен за вмешаност во убиства, грабежи, силувања и присилба на Хиндусите да преминат во ислам.
Полицијата соопшти дека лицата загинале при судирите на партиските активисти и безбедносните сили.

Груевски-Филе исто како нас е загрижен за состојбите

Средба на премиерот Никола Груевски и комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ Штефан Филе
Средба на премиерот Никола Груевски и комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ Штефан Филе
Премиерот Никола Груевски денеска изјави дека еврокомесарот Штефан Филе исто како нив бил загрижен за состојбите со кои се соочуваат и очигледно неговата утрешна посета е обид со заеднички сили да направат напори за да се решат работите. За време на посетата на поплавените подрачја во свети Николе Груевски рече дека се подготвени за разговор врз основа на принципите и позициите кои ги поставиле и изрази надеж дека разумот кај Бранко Црвенковски ќе преовлада.
Според него сценариото на 24 декември било осмислено од СДСМ во текот на јули во минатата година со цел да се предизвика инцидент и тоа го кажувале и луѓе од партијата. На прашањето дали ќе го задоволат барањето на СДСМ за организирање предвремени парламентарни избори доколку учествуваат и победат на локалните избори, рече дека нема да прифатат таков тип уцени.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG